Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Многу драматизирате.
Небаре на два дена е доближен метеор што ќе не срамни па ајде да се утепуваме.
Сега сфаќам зашто тоалетните ролни се најпродавани во овие моменти.
Може да ја девастира и така кревката економија што ја имаме. Многу луѓе можат да останат без работа. За тоа и паника има. А коа ќе размислиш и каков народ живее овде, страшно...
 
Многу драматизирате.
Небаре на два дена е доближен метеор што ќе не срамни па ајде да се утепуваме.
Сега сфаќам зашто тоалетните ролни се најпродавани во овие моменти.

Не драматизирам, зборам општо за целата држава и свесност на луѓето, ова е само маааало делче во огромната сложувалка.
 
@Емкаа еве за ова зборував претходно за колективната свест и епидемија во Македонија и Шведска.


Сега мислам дека е појасно на која колективна свест мислев.
 
Па дека избори биле немало санкции ќе чекале да завршат... Министре оваа треба персонан нон грата да ја прогласите а не да чекате избори да поминат.
 
Имам инфо дека колеги ја пријавиле, кашлала и кивала како нездрава и као не било ништо страшно, си одела упорно на работа со денови.
 
Најголем проблем од вирусот е што лесно и брзо се пренесува.

Лично се фрустрирам дека ако го фатам вирусот, ќе го пренесам на постари и хронично болни, на несакање ќе ги носам на душа.

Ми се раѓа параноја заради таа помисла и сметам дека само заради тоа луѓево што се во медицинска бранша мораат да следат протокол.
Не смее да не постои почитување на правила кој тие ги напишале.
Се фрустрирам заради ноншалантноста кај медицинариве.
Срамота и гревота е што придонесуваат во хистеријата на народот.
Тек допрва ќе изникнат болни и заразени внатре кои дошле до контакт до овие што го донесоја (директно или индиректно).
Гревота е за народов ова, Никакви принципи немаат.
 
Не бе, не драматизираш.
Се работи за вирус со смртност помала од 3 проценти, а ти веќе решен да се утепаш.
Зависи во какви услови, структура на население, подготвеност и спремност за зараза од ваков тип итн .. пример во Јужна Кореа на 7.5к заболени има 50 починати, во Италија на 7.5к заболени има 500 починати,
 
Не бе, не драматизираш.
Се работи за вирус со смртност помала од 3 проценти, а ти веќе решен да се утепаш.
Она во северна Италија не е за драматизирање?
Не се работи само за смртноста, јас лично ми е гајле меѓутоа ќе има голем прекин на секојдневниот живот.
Автоматски споено мислење:

Зависи во какви услови .. пример во Јужна Кореа на 7.5к заболени има 50 починати, во Италија на 7.5к заболени има 500 починати,
Баш гледав еден доктор од таму и јас се прашував пред некој ден на што се должи тоа.
Одговорот е дека Италија е втора држава во светов по стара популацаија. Постара од Италија има само Јапонија.
 
Сега Грците санкции ќе ни лупнат заради Цаца, што заразила и нивни доктори на семинарот.

А Грк ко Грк мора да се прошета по трговски, да зарази уште толку, како таа првата во Солун.

Иначе гледам Синеплекс не се плашат од вирусов многу, или може имуни се...
 
Она во северна Италија не е за драматизирање?
Не се работи само за смртноста, јас лично ми е гајле меѓутоа ќе има голем прекин на секојдневниот живот.
Автоматски споено мислење:


Баш гледав еден доктор од таму и јас се прашував пред некој ден на што се должи тоа.
Одговорот е дека Италија е втора држава во светов по стара популацаија. Постара од Италија има само Јапонија.
Со оглед дека сме ние држава само со пензионери, може да претпоставиме каква ќе биде нашата борба.
 
Ова да идеш сега у Италија на шетакарање би било равно да идеш у Африка и да цепаш без кондом :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom