Каква разлика у пристап, а колку се географски и културолошки блиску до нас. ЖРК Будучност освојувач на преку 60 титули во својата историја, исклучително важен "играч" и во домашни и во интернационални граници. Не смее да нема поддршка и финансии за истиот! Истото важи и за КК Будучност. Истото е случај и во една Унгарија, Ѓер, Ференцварош... да не го споменувам Веспрем, како претставник на машкиот ракомет. Знаат дека е исклучитално важно да се поддржат спортските колективи кои им носеле и им носат успеси и им ги промовираат земјите.
А, ние? Мизерија! РК Вардар мољака за дополнителна финансиска поддршка веќе неколку години и ич на никого не му чуе, Кометал за жал не ни постои веќе и комплетно исчезна од мапата, РК Пелистер веќе речиси 2 декади не е никаков фактор во домашни граници, а да не зборуваме за надвор од нашите граници.