Внимание!!!! Мажи, утре е 8-ми март!!!!1

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.859
Поени од реакции
11.840
Уште неколку часа има до утрешниот празник, 8ми март ден на жената:)

Можеби е неправедно што жените имаат празник а мажите НЕ, можеби затоа кога на мушко ќе му спомнеш Ф од феминизам реагира исто како заб да му вадиш.. и аман немојте да ми превртувате со очи, да ме хејтате, оти не фурам феминизам само јас, тука е и вашата девојка, пријателка, мајка, баба, сосетка.....
Прашање до машките - Што мислите за овој прекрасен утрешен празник?
Дали купивте некој подарок или имате некоја подобра идеја за честитање?
Зошто на овој ден 8Ми март, машките ми делуваат како да се кријат како глувци во дупка?..(колегите кај мене на работа стално го забораваат овој датум или се прават наудрени)
Ајде да Ве видам искрено, што ќе правите утре, имате ли на кого да му го честитате овој празник, како, каде, со што!?
 
Последно уредено:
Зошто на овој ден 8Ми март, машките ми делуваат како да се кријат како глувци во дупка?..(колегите кај мене на работа стално го забораваат овој датум или се прават наудрени)
Само на осми март се кријат од тебе или почесто?
 
Само на осми март се кријат од тебе или почесто?
Голем колектив сме, многу жени, но вистината е дека на овој празник машкиве гледаат да ескивираат некако, дали поради тоа што треба некој денар да потрошат, дали им е некако лицемерен овој празник....дали незнаат како да честитат..немам појма..хаххххаххаа..но порано машките беа поголеми џентлмени кои знаеа со една црвена ружа и искрена насмевка да го честитаат денот на жената...ех, а сега ..ете и ти сакаш на моја сметка да се нашалиш:rolleyes:;)
Автоматски споено мислење:

Жена ми не го признава празникот така да, нема што да се оптеретувам.
Зошто празникот на жената ти е оптеретување?
 
Брееј, само со нешто да се напињало!
Де феминизам, де урологија, сега 8 Март! Оди напрај нешто корисно за семејството, како палачинки на пример ;)
 
Брееј, само со нешто да се напињало!
Де феминизам, де урологија, сега 8 Март! Оди напрај нешто корисно за семејството, како палачинки на пример ;)
Ок..а со што да ги намачкам??
Ти утре дали ке направиш нешто корисно за женскиот пол што е со тебе??:rolleyes:
 
Жена ми вика дека го почитува празникот заради борбата на сите жени за рамноправност, но дека сега не е и треба ваков начин на празнување, затоа што, не само што се чувствувала рамноправна, туку била и супериорна во однос на мене :confused:
 
хаххахахахха...добро ти дојде таков одговор, нели...и потоа се лутите кога велам дека мажите не ги почитуваат жените.
 
Знаеш дека очајот е на највисоко ниво кога отвораш тема на форум за 8-ми Март и целата си ексајтед и уште броиш часови демек „уште само неколку часови“ лелелелел ХАХАХАХАХА.
Легендата вели постои жена што рекла „не ми купувај ништо“ и вистински го мислела тоа.
 
Ок..а со што да ги намачкам??
Ти утре дали ке направиш нешто корисно за женскиот пол што е со тебе??:rolleyes:
Може слатко од јагоди, малини, немој со нутела ;)
Инаку класика, ќе одиме во кафе, да ја ослободам од правење ручек, барем на тој ден!
П.С. По идеа на @Acid , и купив машина за миење садови, пун сум со петки годинава:D
 
Знаеш дека очајот е на највисоко ниво кога отвораш тема на форум за 8-ми Март и целата си ексајтед и уште броиш часови демек „уште само неколку часови“ лелелелел ХАХАХАХАХА.
Легендата вели постои жена што рекла „не ми купувај ништо“ и вистински го мислела тоа.
Далеку сум душо јас од очајна жена..фала богу, водам исполнет живот но со малку тага во душа кога гледам млади луѓе као тебе со толку нервоза, непријателство, недостаток на љубов ....
УТРЕ е ДЕН на ЖЕНАТА, ден кој мора да се спомне, да не се заборави во ова лудо време, да се спомене макотрпната борба за рамноправност, подобри услови за живот, подобра положба во друштвото и др...
Ниту една жена не бара скап поклон, бара само трунка внимание, почитување за нејзината грижа за семејството, малку љубов ....Тешко ли ти е Анон душо тоа утре да и го направиш на својата мајка, баба?????
Тешко ли е да се одаде само на тој еден ден во годината признание на една жена затоа што е ЖЕНА?

не велам дека не треба секојдневно да има почитување и разбирање, но сега барав само утрешниот ден да бидете благонаклонети кон понежниот пол.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom