коцка
Curiouser and curiouser!
Скроз те сфаќам! Живеам во Милано ама работам во Новара. Вчера ми соопштија да не доаѓам на работа сигурно до први април@коцка @Scirea
Вчера не ми се пишуваше многу на темата, ептен бев даун цел ден . Ај ќе пробам на кратко колку можам.
Живеам и работам на километри од најпогодените места во Ломбардија , 10 општини се во прашање кој се затворени за влез и излез контролирани од полицијата, под опсада. 14 дена веќе се така , градчиња на духови . Среќа што Пјаченца, каде што и живеам имено не е затворена , се наоѓа на сама граница со регионот Ломбардија , но има и тука доста случаи на корона, а населението е во постојан контакт од околните места кој се зависни на некој начин, бидејќи Пјаченца е еден логистички центар за регионов , еден тон логистички центри магазини фабрики се тука , главна артерија е за проток на луѓе и стока, па населението од околните места се вработени по локалните фабрики тука и има доста проток на луѓе секојдневно. Ете така имам колеги кој се оневзможени да доаѓаат на работа , а вчера ни беше соопштено од луѓе од министерство за здравство дека официјално и еден колега Италијанец е позитивен на вирусот и е на домашно лекување . Со доста совети за што како понатаму , ни рекоа сите што биле во директен контакт со него , физички или работеле лице во лице ,да се јават на надлежните служби да ги информираме дека сме имале контакт со лице кое има корона, и да чекаме инструкции , е сега вработени не сме 5 или 10 , ами накај 100 . Си велиш иако немам симптоми , што ако го пренел на уште 1,2 .. па тие се без симптоми и сега во моментот имаме извор на вирус на работно место а не знаеме... затоа е страшно што не налагаат проверка на сите вработени , како што беше на сам почеток на епидемијава , кога се вршеше проверка на сите кој имале контакт со лице со вирусот. Сега веќе се сменија работите , капацитетите на болниците полека се пополнија до крај , тестовите исто така ги штедат бидејќи и тоа е на товар на државата , па сигурно почнаа да проверуваат само луѓе кој имат очигледни симптоми , на остало само се препорачува домашна изолација и избегнување контакт . Доста од колегите деновиве не се на работа , малку језиво , една третина се со маските на глава по цел ден... на секаде има гелови и разни средства за дезинфекција на раце и на работни површини , тоалетите ги дезинфицираат на секој саат два чистачките.. дури денес еден од одговорните забележа колешка која без ракавици куцаше на тастатурата на компјутерот и веднаш ја предупреди , да не ја чепка тастатурата без гумени ракавици ( работиме со деликатен материјал па користиме цело време гумени тенки ракавици) зеде еден спреј и ја дезинфецираше тастатурата по неа. И така ќе видиме сега деновиве , но ситуацијата се влошува , имам информации дека на фирми од овие краеви што се најпогодени не им се прима роба во други региони и држави , значи до каде е стигната работата ... економски распад система.. голем број мали предпријатиа дуканчиња барови и слично што се затворени подолго време најавуваат целосно затварање на бизнисот , а некој веќе и затвориле од што неможат да се носат со финансиски дефицитарниот момент кој го имаат. Ќиријата за дуќанот е под договор работел неработел привремено мораш да плаќаш кирија... Јас жив здрав , имунитетот е на завидно ниво, вежбам редовно се хранам најчесто здраво, се мислам и да не сум го прележал веќе без симптоми , домашна ж'та раќија и домашен кратовски мед, чуда прават . (Кратко кратко ама развлеков у пм)
само што јас сум со партита ива и не ми е баш убава оваа вест. И кај мене е хаос, пола болни по дома, пола не сакаат ни да зборат помеѓу нив, што подалеку толку посигурно. 80% од луѓето кај што работам (ги има околу 500-600) доаѓаат од милано и торино и не сакаат да патуваат со возови, фирмата соработува многу со кина и индија и сега е скроз блокирана. Инаку да уште пред некое време ми потврдија дека не прават тестови на сите туку само на 65+Колега на маж ми со симптоми на корона му дошле дома го прегледале и му рекле обичен грип е затоа што млад па тест воопшто не ни спомнале
Ако си во ред со имунитетот не се секирај, само знам, многу бош ситуацијава.
. И така ќе видиме сега деновиве , но ситуацијата се влошува , имам информации дека на фирми од овие краеви што се најпогодени не им се прима роба во други региони и држави , значи до каде е стигната работата ... економски распад система.. голем број мали предпријатиа дуканчиња барови и слично што се затворени подолго време најавуваат целосно затварање на бизнисот , а некој веќе и затвориле од што неможат да се носат со финансиски дефицитарниот момент кој го имаат. Ќиријата за дуќанот е под договор работел неработел привремено мораш да плаќаш кирија... Јас жив здрав , имунитетот е на завидно ниво, вежбам редовно се хранам најчесто здраво, се мислам и да не сум го прележал веќе без симптоми , домашна ж'та раќија и домашен кратовски мед, чуда прават . (Кратко кратко ама развлеков у пм)
.
, ај за надворешниот дел од кожата јасно, ама за од другата страна веќе е нелогично, сепак секој жив организам испушта одредени супстанции... затоа те прашав уште на почеток што подразбираш под систем, кој одредува да останат на ѕидот иако се потенцијално опасни, иако самиот кажуваш се доста корисни, т.е.самата еволуција имала причина зашто се таму, а не едноставно така си дошле.

