коцка
Curiouser and curiouser!
- Член од
- 12 јули 2005
- Мислења
- 7.171
- Поени од реакции
- 13.780
Скроз те сфаќам! Живеам во Милано ама работам во Новара. Вчера ми соопштија да не доаѓам на работа сигурно до први април само што јас сум со партита ива и не ми е баш убава оваа вест. И кај мене е хаос, пола болни по дома, пола не сакаат ни да зборат помеѓу нив, што подалеку толку посигурно. 80% од луѓето кај што работам (ги има околу 500-600) доаѓаат од милано и торино и не сакаат да патуваат со возови, фирмата соработува многу со кина и индија и сега е скроз блокирана. Инаку да уште пред некое време ми потврдија дека не прават тестови на сите туку само на 65+@коцка @Scirea
Вчера не ми се пишуваше многу на темата, ептен бев даун цел ден . Ај ќе пробам на кратко колку можам.
Живеам и работам на километри од најпогодените места во Ломбардија , 10 општини се во прашање кој се затворени за влез и излез контролирани од полицијата, под опсада. 14 дена веќе се така , градчиња на духови . Среќа што Пјаченца, каде што и живеам имено не е затворена , се наоѓа на сама граница со регионот Ломбардија , но има и тука доста случаи на корона, а населението е во постојан контакт од околните места кој се зависни на некој начин, бидејќи Пјаченца е еден логистички центар за регионов , еден тон логистички центри магазини фабрики се тука , главна артерија е за проток на луѓе и стока, па населението од околните места се вработени по локалните фабрики тука и има доста проток на луѓе секојдневно. Ете така имам колеги кој се оневзможени да доаѓаат на работа , а вчера ни беше соопштено од луѓе од министерство за здравство дека официјално и еден колега Италијанец е позитивен на вирусот и е на домашно лекување . Со доста совети за што како понатаму , ни рекоа сите што биле во директен контакт со него , физички или работеле лице во лице ,да се јават на надлежните служби да ги информираме дека сме имале контакт со лице кое има корона, и да чекаме инструкции , е сега вработени не сме 5 или 10 , ами накај 100 . Си велиш иако немам симптоми , што ако го пренел на уште 1,2 .. па тие се без симптоми и сега во моментот имаме извор на вирус на работно место а не знаеме... затоа е страшно што не налагаат проверка на сите вработени , како што беше на сам почеток на епидемијава , кога се вршеше проверка на сите кој имале контакт со лице со вирусот. Сега веќе се сменија работите , капацитетите на болниците полека се пополнија до крај , тестовите исто така ги штедат бидејќи и тоа е на товар на државата , па сигурно почнаа да проверуваат само луѓе кој имат очигледни симптоми , на остало само се препорачува домашна изолација и избегнување контакт . Доста од колегите деновиве не се на работа , малку језиво , една третина се со маските на глава по цел ден... на секаде има гелови и разни средства за дезинфекција на раце и на работни површини , тоалетите ги дезинфицираат на секој саат два чистачките.. дури денес еден од одговорните забележа колешка која без ракавици куцаше на тастатурата на компјутерот и веднаш ја предупреди , да не ја чепка тастатурата без гумени ракавици ( работиме со деликатен материјал па користиме цело време гумени тенки ракавици) зеде еден спреј и ја дезинфецираше тастатурата по неа . И така ќе видиме сега деновиве , но ситуацијата се влошува , имам информации дека на фирми од овие краеви што се најпогодени не им се прима роба во други региони и држави , значи до каде е стигната работата ... економски распад система.. голем број мали предпријатиа дуканчиња барови и слично што се затворени подолго време најавуваат целосно затварање на бизнисот , а некој веќе и затвориле од што неможат да се носат со финансиски дефицитарниот момент кој го имаат. Ќиријата за дуќанот е под договор работел неработел привремено мораш да плаќаш кирија... Јас жив здрав , имунитетот е на завидно ниво, вежбам редовно се хранам најчесто здраво, се мислам и да не сум го прележал веќе без симптоми , домашна ж'та раќија и домашен кратовски мед, чуда прават . (Кратко кратко ама развлеков у пм)
Колега на маж ми со симптоми на корона му дошле дома го прегледале и му рекле обичен грип е затоа што млад па тест воопшто не ни спомнале
Ако си во ред со имунитетот не се секирај, само знам, многу бош ситуацијава.