Инстаграм над 4 гигабајти! Зошто толку? Какo можи?
Оти има нешто што се вика кеш дата.
Еве ќе ти кажам што е.
Пушти еднаш инстаграм, исклучи го инстаграм - от, исклучи интернет и пушти инстаграм.
Гледаш некои од постовите стојат, така?
Напрај го истиот процес, ама пред да исклучиш интернет, избриши кеш дата на инстаграм.
Ќе видиш дека нема ти вчита ништо.
Кеш дата на некој начин, краткотрајно ти зачувува податоци на самата апликација, за при следно пуштање да не мора на ново да ги вчита. Ќе приметиш инстаграм кога ќе го пуштиш, за секунда ти дава постови кои што вчера си ги видел па се рефрешнува.
Фејсбук е најпрост пример, оти кога ќе исклучиш или немаш интернет, пак ќе можеш да гледаш офлајн па дури и видеа, па затоа многу завзема во кеш меморија.
Ова е нормално, и така е кај сите, и кај Ајфоните.
Ти не треба да бришеш ништо од тоа, нека ти стои така, оти џабе еднаш ќе избришеш, после пак ќе ти се кешира, а и нема да ти ослободи којзнае колку простор.
Апликациите се наменети така да работат.
Еве и галеријата ти ги ќешира сликите за да ти се вчитаат побрзо. Не сите слики, туку само оние најпоследните и најновите. Еве избриши кеш на галерија, и ќе видиш дека поспоро ќе ти ги вчитува сликите.
Кај мене е вака:
Гледаш, и спотифај, апликација за слушање музика, и таа кешира. Музика малце, кога ќе се пуштиш офлајн најверојатно нема ни да ти пушти, но ќе ти стои која последна музика си ја слушал, плејлистите ќе ти се гледаат, само нема да можеш да ги пушташ, и ќе можеш сликите / кратките видеа на плејлистите да ги видиш.
Ако избришеш кеш дата, нема ништо да ти отвори, и ќе ти каже дека си офлајн, и дека треба да се поврзеш на интернет.
И редит. Коментари, пораки, upvotes, постови...
И еве го и фејсбукот.
Messenger на пример, ти ги кешира разговорите, што си се допишувал.
А на пример игра како PUBG Mobile, нема многу да кешира, оти таа е online only игра. Мораш преку интернет да ја играш, и пак треба да ти вчита без разлика кеширано или не (а и нема што привремено да зачува, повеќето на сервер се зачувува).
Едино PUBG освен самата големина на играта, што зафаќа е во податоци. За кориснички податоци, акаунт име, итн... тоа се врши преку сервер, ама еве за HD звук и мапите во играта, мора ти да си ги симнеш, и на почеток тоа што ќе ти бара дополнително да симнеш, а за апдејти да не зборам. Сето тоа оди во data.
Ако избришам data податоци, ќе ме тера од почеток да се логирам, и ќе мора јово на ново да ги симнам мапите и HD звукот.
Значи се на се, не се чуди. Така работат апликациите и им треба простор.
Јас и би те советувал да си пуштиш автоматски апдејт од Play Store, освен ако немаш многу апликации, оти секогаш со апдејти се решаваат доста проблеми (багови), а и има нови опции, додаваат функции, итн итн...
Се надевам дека разјаснив