Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа тебе ти е тешко да сфатиш дека си напишал треба да се затворат границите. Тешко ти е да сфатиш дека не си напишал дека трееба да се затворат само кон Италија. Тешко ти е да сфатиш дека со Италија немаме граница туку луѓето најчесто доаѓаат преку Србија и Бугарија. Тешко ти е да сфатиш дека луѓето за да се вратат дома ќе кажуваат дека доаѓаат од друга држава. Најтешко ти е да сфатиш дека и ти би постапил исто ако се најдеш во таква ситуација.

Тешко за сфаќање, навистина тешко.
Зборувај ни уште за твоите филозофии.
https://a1on.mk/macedonia/nov-somni...BW0e-RZGG1SJqrN6qDBZMXf3qUkvE7qHKyZEYXX-uxvUI
 
Како по обичај :) ете во Охрид немало термална камера a на ТВ сме биле пред Белгија :pos:


Термална камера кошта макс 2000е... Ама за стиропор, иновации препишани од Индија, куртони и лубриканти имаме милјони. Приоритетите ни се на место. Среќа идеме напред... со сидро.
 
Не ме сваќај погрешно ама ова шо дремите по овие страните 24/7 и следите колку лица се болни, колку дишат, колку умираат нема да ја олесни ситуацијава,напротив си правите полошо, си играте со потсвеста, а да подпадниш под психата е заебана работа, верувај, полоша од било кој вирус.
Држете се со мерките на претпазливост,личната хигиена на прво место ама опуштете се бре луѓе,вирусот нема да не убие сите, не е крај на светот како некои шо го сватија.
Во ред забелешката прифатена, повеќе не изнесувам бројки, инаку потврдени од официелни извори туку ќе млатам празна слама како што го правиш и ти.
Заборавив дека бројките кај некого предизвикуваат страв, разбирливо е не секој реагира на ист начин, за понатаму ако има некаква инфо само ќе прикачам линк до веста за да не ми се вознемирувате многу.

П.С.
Инаку за да не бидеш разбран погрешно, треба така и да пишуваш, а не да делиш лекции дали и кој 24/7 следи каква е состојбата со заразата и дали истото предизвикува психичко растројство. Те разбирам дека чувствуваш страв, тоа е нормално, човечки, само имаш погрешен метод за да се ослободиш од истиот, треба да се соочиш со стравот, а не да го прикриваш.
Продолжи со лична хигиена понекогаш може и ментална малку за да не биде еднолично... секако дека вирусот нема да не убие сите, уште на почетокот ја ставив веста дека во октомври 2019 во Америка на научна конференција еден од учесниците имал настап и изнел симулација (користел алгоритми :pos:) дека претстои зараза со корона-вирус и дека според тогашните расположиви податоци смртноста не би требало да надмине х,х% од светската популација, од што се гледа дека нема сите да умрат само х,х% (реков дека нема бројки де).
 
Погоре ги прочитав насоките и информациите, прилично јасни. Вака требаше министерството да излегува со подетални информации.

Ме интересира само дали може да се пренесе преку посекотина или раничка на рака/лице?
Не. Се работи за респираторен вирус.
 
Ајде издржете уште две три недели, потоа овој вирус ќе исчезне од медиумите исто како и никогаш да не постоел. Потоа ќе ви најдат некоја друга приказна да ве држат уплашени, полни со омраза и под контрола.
 
Во ред забелешката прифатена, повеќе не изнесувам бројки, инаку потврдени од официелни извори туку ќе млатам празна слама како што го правиш и ти.
Заборавив дека бројките кај некого предизвикуваат страв, разбирливо е не секој реагира на ист начин, за понатаму ако има некаква инфо само ќе прикачам линк до веста за да не ми се вознемирувате многу.

П.С.
Инаку за да не бидеш разбран погрешно, треба така и да пишуваш, а не да делиш лекции дали и кој 24/7 следи каква е состојбата со заразата и дали истото предизвикува психичко растројство. Те разбирам дека чувствуваш страв, тоа е нормално, човечки, само имаш погрешен метод за да се ослободиш од истиот, треба да се соочиш со стравот, а не да го прикриваш.
Продолжи со лична хигиена понекогаш може и ментална малку за да не биде еднолично... секако дека вирусот нема да не убие сите, уште на почетокот ја ставив веста дека во октомври 2019 во Америка на научна конференција еден од учесниците имал настап и изнел симулација (користел алгоритми :pos:) дека претстои зараза со корона-вирус и дека според тогашните расположиви податоци смртноста не би требало да надмине х,х% од светската популација, од што се гледа дека нема сите да умрат само х,х% (реков дека нема бројки де).
Ок дреми си, секој за себе си знае, јас ќе си продолжам со животот нормално да си го живеам затоа што имам попаметна работа од тоа да дремам на некоја страна и да рачунам колку луѓе се заразиле од Корона вирус и колку луѓе ќе умрат.
 
Ајде издржете уште две три недели, потоа овој вирус ќе исчезне од медиумите исто како и никогаш да не постоел. Потоа ќе ви најдат некоја друга приказна да ве држат уплашени, полни со омраза и под контрола.
И некој други мислат дека со затоплувањето ќе сопре Короната, ами зашто се разви и во Австралија, Калифорнија..
60 -70 степени на сонце ќе има, ама таму некаде во јули..
а и тогаш, во домовите и превозните средства се користи клима, па вирусот ќе си живее... Ќе развијат вакцина, ама до тогаш вирусот ќе мутира, слично како и гриповите...
Се ќе остане на индивидуалниот имунитет, способност и квалитет на здравството, животни навики и обичаи..
како што и ден денес некаде во светот има и колера и маларија па и бубонска куга....
 
Во афричките земји не гледам заболени, логикава иди ако не знаеш да испиташ, нема ни вирус во државата.
Туку ова ќе биди најтежок дел од животот на просечниот Северџанин, ќе мора да седи дома и да гледа само мтв1, мтв2 и собраниски :D

Ај назад во прво одд. :pos:
Или врати се од прва страна па прочитај зошто го нема во Африка.
 
Еве за двајцата бугарски државјани во Битола. Немале никакви симптоми досега.
 
дечки малку информација за во Италија како функционира, да не мислите дека тука е перфектно! Другар мој ги има сите симптоми, само глава не го боли многу. После два дена се јавува на бројот, блокиран е од сите што вртат. Се јавува на дежурен доктор, дошле дома да го прегледаат и му рекле океј си, обичен грип е. Не знам што точно било со жената, прочитав од била на лекар ама не и рекле ништо, до се криела дома, неќела на лекар.

Има официјално соопштение дека да, домашните миленици може да го фатат вирусот меѓутоа кај нив се манифестира со дијареа и НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА на луѓе.

Прочитав дека има случај и во Бразил, би било добар тест да се види дали на топло ќе преживее вирусот.
 
Последно уредено:
Термална камера кошта макс 2000е... Ама за стиропор, иновации препишани од Индија, куртони и лубриканти имаме милјони. Приоритетите ни се на место. Среќа идеме напред... со сидро.
Не сум упатен во темава но од она што читам по нешто на интернет, не гледам дека од голема помош би биле и тие термални камери... Што ако има термална камера на Охридскиот аеродром кога нема на секој граничен премин? Луѓето не патуваат само со авиони, напротив, најголем дел патуваат и влегуваат во државава преку граничните премини. Плус, со тие термални камери ке може да се открие само дали некој има покачена телесна температура што од друга страна и не значи многу бидејќи ке се открие само некој кој веке манифестира симптоми на корона или било каква друга состојба која се манифестира со температура а никако нема да бидат детектирани оние лица кај кои сеуште нама симптоми а се носители и преностели на вирусот а кои се секогаш побројни од оние кои веке имаат симптоми.... Затоа не постојат некои ефикасни средства и мерки кои би го спречиле ширењето на вирусот, затоа вирусот се шири и во земји кои се многу поспремни од нас, Германија, Франција, Италија, Хрватска... Е, единствена ефикасна мерка спроведува Северна Кореа, нема ниту влез ниту излез од државата а дипломатите во изолација, така што иако се во регион кој е најпогоден од короната кај нив нема случај на корона...
 
Во царствата на ХИВ, Сида, Ебола, корона ти е најмал проблем.

Да надополнам: Зика, Денга, Жолта треска, Маларија, Африканска трипанозомоза, Вирусни хеморагични трески, Марбург вирус итн. итн. За други начини да се умре во Африка да не зборуваме, црни мамби, зелени мамби... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom