Можеби подобро беше во една генерална тема, наместо вака расцепкано, полесно и попрегледно можеа да се најдат дискусиите, а вака за исти работи се оставаат мислења во повеќе теми. Како и да е, накратко мое гледиште за актуелната состојба.
Прво гласачкото тело на Сдсм и Вмро не е исто, односно тие овци кои ги броиме, не се подеднакви на број во двете македонски најголеми стада. Ситуацијата е 55-45% во полза на Вмро.
Е сега, подршката од младите кои ја донесоа СДСМ на власт минатите избори, овие избори ќе ја нема. На минатите избори на прсти броев луѓе кои ги познавав а да гласале за Вмро, сега на прсти бројам луѓе кои би гласале за Сдсм. Целата таа подршка од студентски плениум, средношколски плениум, невладини организации, падна во вода, кога видоа како целата таа иницијатива се злоупотреби и што истите тие луѓе сторија за образованието и младите откога добија моќ.
Опадна подршката од албанските гласачи, исто така е опадната, бидејќи ќе си гласаат за ДУИ, кој доживеа фијаско на минатите избори, бидејќи СДСМ им ги зема гласовите, нема Али да дозволи такво сценарио и на овие избори.
Опадна подршката од луѓе кои имаат полиберални сфаќања, но имаат трошка почит за својата земја и за нејзиниот идентитет, исто така отпадна, овие се најмала категорија, дека кај нас партијата е свето нешто, ама има луѓе кои дигнаа раце и си рекоа ова е премногу. Браво за нив.
Опадна подршката од луѓе кои дадоа глас за СДСМ само бидејќи веруваа дека ќе се влезе во ЕУ и Нато без промена на името, бидејќи така рече ЗЗ во 12421 интервјуа и гостувања по емисии.
Ова навидум изгледа како енормен пад на гласови кај СДСМ. Но, тука е и губење гласови кај Вмро, од страна на луѓе кои немаат придобивки од партијата, туку само имаат десничарски ставови и ги боли како некој кого го гласале е соучесник во силувањето на Македонија, а потенцијалниот иден премиер да се заебава со нив со “80 гласови во парламент и ќе вратиме името“.
Мислам кристално е јасна ситуацијата, тоа што не е јасно е дали трета опција ќе успее да направи нешто посериозно овие избори или не. Наше е да се обидеме да подржиме трета опција и да дадеме доверба кон некоја таква, ако сакаме да гледаме поразлично сценарио од тоа што е веќевидено. Опозицијата ќе се жали од владата, владата од опозицијата, ќе си останеме Северџани, ништо нема да се промени, освен што ќе порасне нечиј џеб, нечиј новчаник, кој е паметен надвор, кој не останува да трпи и ќути, и тоа е тоа. Кучињата си лаат, караванот си врби...