Ептен сум изненаден од Бруно. Асистира, дава голови, се открива, бара топка, комбинира. А ќе биде и уште подобар. Штета што не го пазарија уште во август.
Гринвуд уште еднаш покажа дека е вонсериски финишер. Ќе биде играчиште ова момче.
Марсијал пак поспан но класа потег за голот.
Одбраната прича за себе, среќа Вотфорд се ептен утепани инаку можеше друг тек да има натпреварот. Шо беше добар како и на последните неколку натпревари но сеедно би купил нов лев бек.
Оптимист сум за 5то место, ептен се отепани Спарс без Сон и Кејн. За 4то ќе биде малку потешко.