Брз, атрактивен фудбал, без пасови на прва нема и нема да има. Секој еден играч што го имаме во последниве две-три години, поготово тие во средина, со исклучок на Погба(кога му се игра) и сега Бруно, буквално секогаш прво ја примаат топката, најчесто прават некој чекор плус, па тек после тоа се ослободуваат од топката. Во денешен фудбал, тоа примање и тој контакт плус значат затварање на противникот и им даваат време на играчите да се вратат на позиција во случај да излетале или во случај на полу контра. Втора многу битна работа, а која доста ја кочи играта и нормално ни се повторува од утакмица во утакмица се пасовите кој наместо да идат напред пред играчот и со самото тоа да се убрза играта, скоро секогаш се позади играчот, па овој мора да застанува или да напрсби некој чекор назад за да дојде до топка. За тоа време противниците веќе го затвараат па затоа најчесто играчот е принуден да враќа назад или евентуално стрснично да подава што многу им ја олеснува работата на сите противници кој играат подефанзивно.