ZeroZeroZero нова серија ја има на ХБО ГО лимитирана од 8 еп. ке идат по 2еп одеднаш секоја недела, одлични првите 2епизоди.
1h | TV-MA
www.imdb.com
Серијата ве носи длабоко во мрачните тајни на светот на трговијата со кокаин, од неговото производство, до конечната испорака на пазарот. Тоа е патување во еден сложен систем полн со насилство, жестина, но и техничко знаење, вештини и креативност. Од џунглата до облакодерите, од Мексико до Париз, минувајќи преку екваторијална Африка, земјите на Магреб, Калабрија, во свет каде што битисуваат криминалци и бизнисмени, очајни луѓе и милијардери, сите поврзани заедно преку невидливата и волшебна нишка на кокаинот. Во оваа безмилосна војна за влијание, сите, од малиот локален дилер, до кумот на најмоќната криминална организација, мора да се борат и да ги доведат сопствените животи во опасност.