Знаете дека на youtube има можност да проверите што најмногу се гледа во секоја држава, 50 најгледани видеа.
Моментално најгледано е песната на Аца Лукас, потоа идат некои албански песни, некоја албанска емисија, некоја турска серија, нешто на англиски, и тек на 19 место доаѓа најгледаната снимка која е македонски производ, емисијата 90 секунди, потоа доаѓа емисијата Во центар на Васко Ефтов, понатака има уште две македонски песни.
Верувале или не, толку, од 50 најгледани снимки на каналот youtube во Македонија, само 4 се на македонски јазик.
Преовладуваат снимки од Екс Југословенските држави, најмногу од Србија, некој турбофолк, српски хип хоп, некој Бака Прасе, Пинк, Гранд итн. Има и околу 14 албански снимки, заради албанците што живеат тука.
Не знам на што се должи оваа летаргија, во 1991 државата е делена од Југославија, тие што се родени во независна Македонија, сега имаат речиси 30 години, па чудно од каде таа желба за да гледаат Бака Прасе, задруга, гранд и такви чуда. Патем и јазикот не е сличен.
Па од она што јас можам да го видам од Трендинг, нема некој албански изведувач од Македонија што е на листата. Така да, меч со две острици ти е муабетов, ако барем малце имаше алудирање на националните YT музички афинитети на македонците.
Како второ, генерално муабетов ти е крш и тиња, бидејќи едноставно не знаеш како функционира Трендингот на YT. Имено, јутјуб има комплексен алгоритам за Трендинг делот кој зема многу параметри во игра. Друго, истиот алгоритам става видеа постари од 1 недела подолу, така да голем удел у муабетот има и свежината на видеото. Исто така, Трендинг-от се апдејтира многу брзо, мислам дека 20/30ина минути или така нешто (порано, сеа можеби е пократок периодот).
Многу е тешко (скоро невозможно) песни стаени од 2019та да влезат у трендинг, колку год да се кликани и слушани, да не зборам за некои постари.
Ако со муабетот алудираш на фактот дека не излегува никаква квалитетна (и слушана) музика од државава без оглед дали на албански или македонски, до некаде си во право. Но, за да бидеш 100% сигурен во истото тврдење мораш да ја изанализираш публиката која што ги гледа истиве видеа. Најголем дел од гледачите се репетитивни, и можам слободно да тврдам дека 90% од луѓето што ги гледаат видеата се дечурлана кои кликаат по 20 различни видеа у минута и кои слушаат све што е хајп и буквално слушаат и гледаат само одредени канали, изведувачи и тн кои најчесто се трендинг. Ако се земе тоа во предвид, не ми е чудно што на трендинг се ЏиПи, Бака Прасе и таквите... бидејќи публиката е таа (дечишта под 18 години). Ќе идам и чекор понатаму и ќе речам дека најголем дел од публиката во МКД е 6-14 години, генерации кои слушаат баш она што ќе им искочи како трендинг или suggested на YT.
Иначе сеопшт и глобален тренд е работите да се прават за клик повеќе и штанцање музика само за да се влезе у трендинг и да се буста клик рејт.
Ако можеш да приметиш, има катаљарда песни од познати продукти дали тоа се пијалоци, автомобили, часовници, облека, храна и тн и тн, пошто тоа ја крева гледаноста. Имаш песни као Марадона, Моет, Панама, 200 КМ/H и мал милион слични примери, се тоа е направено за клик повеќе и привлекување на публика.
За крај, Јутуб и тоа што е популарно на таа мрежа и не е некој параметар, бидејќи самата мрежа е конструирана на таков начин да преферира брза конзумација и ефтин, површен и краткотраен ентертејнмент. Така си ја зголемуваат и подобруваат позицијата како платформа.
На крај, музиката е нешто што не познава граници, етничка и религиозна припадност. Тоа е уметност и е крајно зависи од субјективниот вкус.
И ние кога растевме ист мање више истиот шунд од типот Спајс Грлс, Бекстрит Бојс, 50 сент, биг брадер итн. па не ти ја гледам поентата. Тој процес е глобален и веќе долго време си тера. Пак си има квалитетна музика, секако, некои жанрови се во идентитетска криза (како металот и рапот на пример), ама има други правци кои си имаат своја уникатност и квалитет.
Трендингот на јутуб ама воопшто не е никакво мерило. Од секогаш балканот имал афинитети за ефтина и површна музика, не е тоа ништо ново.