- Член од
- 30 јули 2010
- Мислења
- 172
- Поени од реакции
- 47
вака сега. му ставивме ние на почетокот стандарден емулатор, што се приклучува директно на дизните, а кабелчињата од дизните во него. и на плин работеше без никаков проблем. меѓутоа се појави проблем со работење на бензин. компјутерот отчитува грешни параметри и како заштита го гаси моторот т.е. му го секнува доводот на гориво односно сам ги гфасеше дизните. па после ресет треба да му правиш... кога одпрва ке запали на бензин се е ок. може да се вози без прекин и без проблем. ама кога ќе се префрли на плин па врати на бензин работи само 4-5 секунди на бензин и пак гаси, без оглед дали е на високи или на ниски обртаи. го држев и на 5.000 обртаи, толку му беше, максимум 5 секунди. после го извадив тој емулатор, па му ставив 2,5 омски емулатор кој се ВРЗУВА СО КОМПЈУТЕРОТ НА КОЛАТА а не со дизните. се сечат 2 жици по шемата, се врзуваат меѓу себе и со емулаторот. значи на емулаторот има само 4 обични жички. 2 идат во кумпјутерот на колата, една е плус и една е маса... толку, нема џекови. инаку информацијата ја извадив од ловато шема за тој тип на компјутер што го носи рено и волво од таа година.
ине ми кажа, дали и колку ке ме кошта да се постави таков плински уред со дизни? што ако се искористи сигналот од дизните за бензин, неможе ли да биде поврзан со секвенционален за плин? ова само пологика идам... ти ке кажеш... и колку ке кошта се разбира...
Да почнеме по ред со електричната инсталација, што и ти ја разбираш. На бензинските инјектори прикључен е џек со 2 жици. ,,+” и ,,-“ односно напојување и маса. Бензинскиот компјутер преку масата го контролира отварањето и затварањето на инјекторите, што значи, 4 инјектори, 4 ,,-“, односно 4 проводници (или жици) кој пренесуваат информација од бензинскиот компјутер до инјекторите. Тие 4 жици во еден дел од електричната инсталација се спојуваат во 2 жици и како такви (2жици) се конектирани со бензинскиот компјутер преку 2 различни пинови. (Тоа се пиновите 20 и 21 мислам, да не ги барам шемите, тоа се 2 бледи и подебели жици од останатите). Твојот емулатор е конектиран на тие 2 жици. Значи, дали тие 2 жици ќе ги прекинеш и ќе ги споиш во една жица, или четирите минуси кај инјекторите ќе ги прекинеш и ќе ги споиш во една, па како такви ќе ги споиш со 2.5 омскиот емулатор (или емулатор ,,renix”), добиваш ист резултат, бидејќи тоа е истата жица.
Бидејќи двете жици ти се веќе споени во една , а возилото работи без да јави проблем на бензин (не ,,трокира”), бензинските инјектори се 2.5 омски, така да од каде и да земеме информација за плинскиот компјутер, на плин нема да проработи.
За два – три дена ќе пуштам барање до ,,Landi Renzo”, дали тие или ,,Lovato” имаат решение за 2.5 омските возила, потоа ќе те инфомирам (моменталино се допишувам за други теми, не би сакал да ја сменам темата, тешки се малку).
Цел преден дел од плинскиот уред треба да се замени, цената е
440 еур – ланди со ловатови инјектори,
495 еур – ланди со ланди (мед) инјектори
795 еур – ланди рензо омегас (овој уред се вградува и во самата фабрика Renault кај нивните bifuel возила)