Плински уреди

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Зборам за плин. Мада рака на срце не е толкав голем потрошач.

30 километри за 200 денари :) ама збораме за пензионерска вожња. Ептен пензионерска. Низ Скопје! :) Благ старт...3-та 30км/ч ...4-та 40км/ч и така до кај 60-70 :)

Отворено БТ-СК за 1000 денари и уште 2-3 кила ми останаа.

--- надополнето ---

Btw, проблем е човек да најде кредитоспособни луѓе. Јас неможам да зеам кредит (не сум на неограничено пријавен) а сите други или се жиранти или заглавени се до гуша со кредити :nesum:

Багажникот е огромен, собира каква сакаш боца + кружна боца собира во резервно за маскирање.

Ако ставам не-атестиран морам да одам на таа варијанта ставање кај резервното тркало. Таквите се поретки да ги најдеш како не-атестирани системи.

Размислував за процедурава:

1) Правење плочка (ова не ми ејасно иначе, треба да ја носам колата кај мајсторов да земи мерка за граната така?), ставање карбуратор од Југо 55

2) Ставање на плин за едногрлен карбуратор (obviously). Ако е не-атестиран убаво е да е во резервно.

И едно не ми е јасно.

За плинот да биде во ред за а-тест треба да ги има документите кога бил нов, а ако ги нема, нема право на а-тест.

@onak 55-ката ја ставаше за а-тест, а 60-ката ја возиш? Тоа значи дека 55-ката ти е со документи?
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Не е за Буба. За Zastava 1300 (Fiat 1300). Значи се работи за карбураторски систем, водено ладење :)
Кажи ми само која е цената за монтажа на карбураторски систем, значи без компјутерско подесување итн.

Дали вие како плимонт имате такви системи или треба сам да си барам систем :) зборувам за половни системи. Најчесто компаниите за плин имаат (барем контакти) за плински системи.

Доколку најдам таков систем што не е возен подолго време, колку пари е таа мембраната?
Немаме половен уред, порано имавме контакти со некои кои имаат, сега веќе не, тоа се премногу извозени и амортизирани уреди кои прават многу проблеми.
Самата монтажа чини 3000 денари, доколку уредот ги има сите компоненти ( цевки, вентили и останатите делови), цревата во секој случај се заменуваат со нови.
Мешачот гас/воздух доаѓа на карбураторот. Доколку е исправен, ќе го замениме за соодветен за Вашето возило.
Доколку не се добри мембраните, нивната промена (се менува комплет од 3 мембрани ) чини 1600 денари

--- надополнето ---

реткост е фирмите што се бават со монтажи на плин да имаат половен плин. значи нај убаво најди си и иди да ти го “закачат“ на кола.

што е битно кога купувате половен плински уред:
-боцата да не биде постара од 10 години, т.е. атестот на боцата не важи подолго од 10 години. датумот кога е атестирана или колку е стара боцата го пишува на документот за истата. соодветномислам дека исто важеше и за фланшата (мулти вентил) кој е на боцата. мора да се запази шемата на поврзување...

прашање до плимонт:

до сега верувал или не не сум имал искуство со атестирање на плин за на карбуратор, како на пример за застава некоја или слично... се бара ли и за нив тајминг реле?
За карбураторско возило Машински Факултет-Скопје бара мешачот гас/воздухда биде по каталог и деловите на системот да бидат од една фирма ( да нема комбинации на делови од различни фирми)
За возило со моно или мултипоинт-инџексион тип на мотори Машински Факултет-Скопје бара соодветна електрична шема од производителот на автогасната опрема за конкретното возило, и во зависност од шемата се гледа кое реле или емулатор треба да се вгради. Најчесто шемите содржат timing или memory реле (или и двете).
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
На времето знам имаше разлика помеѓу обична боца и тркалезна боца (за во резервно). Сега разбрав дека цената е иста. Вистина ли е или?

Друго, колку време е потребно за монтажа на плин? Реално ама. Пример, ако ја донесам понеделник, до кога ќе биде спремна за подигнување? И дали работите во сабота?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
1) Правење плочка (ова не ми ејасно иначе, треба да ја носам колата кај мајсторов да земи мерка за граната така?), ставање карбуратор од Југо 55

2) Ставање на плин за едногрлен карбуратор (obviously). Ако е не-атестиран убаво е да е во резервно.

И едно не ми е јасно.

За плинот да биде во ред за а-тест треба да ги има документите кога бил нов, а ако ги нема, нема право на а-тест.

@onak 55-ката ја ставаше за а-тест, а 60-ката ја возиш? Тоа значи дека 55-ката ти е со документи?
прво вака... за плочката... не е прекомплицирано ама и не е баш едноставно...

треба да ја набавиш плочката со минимум дебелина од 5 милиметри, а може и повеќе. го вадиш карбураторот сегашниот (првиот) и го прецртуваш на плочката НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ, според она што е на него, вклучувајки ги местата за стегање, БЕЗ ДУПКАТА ЗА ЛЕПТИРОТ. после го носиш на обработка кај некој дреар или сам со шлајферица сечеш, со бормашина бушиш дупките за затегање. после на тоа обработеното го вцртуваш отворот од дупката на вториот карбуратор за лептиорт и ги бележиш местата за затегање со штрафови. повторно на обработка се носи да се избуши рупата за лептиорт ама на местата за затегање се бушат дупки и од долна страна се ставаат и заваруваат штрафови за со мутери да се стегне новиот карбуратор.

монтажа:

прво дихтунгот од стариот карбуратор, па плочката и стегаш прописно. после вториот дихтунг од вториот карбуратор па карбураторот. треба да се види и со преправките за сајлите за гас и саух како ке иде. треба да се преправа дефинитивно. поќелно е, и на двата дихтунзи и од двете страни да се стави слој од силикон (оној црвениот за виски температури) да се стави, зашто материјалот на граната со плочката се различни и многу често знае да се извитопери, па влече помалку воздух, па не работи како што треба моторт, а еден тон луѓе му се вртат и му се чудат што му е и зашто не работи како шт треба.

единстваен услов за оваа работа да биде успешна е грлото и летпирот на вториот карбуратор да бидат помали макар за неколку милиметри од сите страни од првиот карбуратор. во спротивно треба да се прави двојна плочка, работа која захтева мнооооогу по големо знаење и време... и секако е многу скапо да се изведе.

сум комбинирал до сега барем 15 пати други карбуратори со плочки и секоаш успешно. еднаш ставивме карбуратор од форд гранада, двогрли, на фиќо (со мотор од југо 45-ка) со двојна плочка... и ефектот беше смешно мал за разлика од очекувањата... само доста јак старт доби... и скршени карики за дена:vozbud:

п.с. и двете боци ми се во гаража... возам со 30-ка во гепек... јбг, нема место за се и боца, и вуфер и појачало и пак да можеш торба да фрлиш кога си на пат... мора да се оскудева во некои работи...
 
Thanks за инфото.

Кажи ми имаш за некој од системите а-тест (т.е документи за а-тест)?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Здраво
Од системот кој во моментов е поставен во вашето возило можат да се задржат
резервоарот, мултивентилот,полначката за плин и бакарната цевка, додека во
делот на моторот најдобро е сите компоненти да се заменат со комплетно нов
уред (компјутер -ECU, електрична инсталација, редуктор, вентил за плин, филтер за течна фаза, филтер за гасна фаза, инјектори, МАП сензор, температурен сензор, црева за плин за секвент уред, контролно копче). Така на пример, излезните големини кои ги дава редукторот на Вентури уредот немаат допирна точка со тие на редукторот на секвенционалниот уред.
Поставување на целосно нов (секвенционален) уред во делот на моторот ќе Ве
чини 440 евра. По направенеите промени на системот, по правило би требало да се
оди на реатест кој чини 1200 ден., но во реалност никој нема да го бара тоа од
Вас, бидејќи никој нема право да го проверува плинскиот систем освен Машински Факултет Скопје (освен ако не сте од Гостивар или од Свети Николе каде и да не менувате ништо ќе Ви бараат да се прави реатест еднаш годишно)
Aj uste edno prasanje vo vrksa so ova. Nekako za volku staro kolice ne mi se davaat tolku pari. Pa bi prasal dali moze na ovoj venturi sistem sto go imam da se ubaci LCS elektronika? Kolku e dobro toa?(nekoi lugje mi vikaat bolje ne stavaj moze poloso da bide od sega, no ne gledam logika vo ova)Kolku bi cinela ovaa operacija?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Thanks за инфото.

Кажи ми имаш за некој од системите а-тест (т.е документи за а-тест)?
јок брале... таа боца што беше со атест, и истече атестот сега пред некој месец. имам ландирендзо расплињача со атест, за нејзе важи сеуште... ама таа не ти е за тристачот, таа е за инџекшн мотори (моно или мулти инџекшн, не битно) мада по теорија и таа би требало да работи ако се монтира во карбураторот, ама ке треба да се затиња филтерот од сите страни, да има само мал проток на воздух, што за карбуратор на бензин е погубно за работење. ке биде цело време како да е на саух, па ке пресисува и слично. а тристачот твој ке треба зимно време да го палиш на бензин ДЕФИНИТИВНО. јас на заставата имав ставено од ловато расплињача за инџекшн и работеше на плин топ, ама и на плин ја палев и на зимо... има финта... ке си се симињаш секое утро со 2 шишња топла вода, ке ја посипеш расплињачата паке палиш на плин директива...:pos2:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Го праев тоа на Голфот. Надвор -30, ко за беља најстудената зима (2005/06), мене карбураторот затнат до тука бива (и покрај тоа што ја ставав на neutral и ја возев на бензин ама ете нон стоп заглавуваше и од тогаш мразам Solex-и) и немаш друг избор мораш на плин. Плинот замрзнат. И со две шишиња топла вода на расплињача и верглај ако немаш друга работа :)))))

Едното шише го топлев под вентијага да не ми замрзни :))))
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
172
Поени од реакции
47
Aj uste edno prasanje vo vrksa so ova. Nekako za volku staro kolice ne mi se davaat tolku pari. Pa bi prasal dali moze na ovoj venturi sistem sto go imam da se ubaci LCS elektronika? Kolku e dobro toa?(nekoi lugje mi vikaat bolje ne stavaj moze poloso da bide od sega, no ne gledam logika vo ova)Kolku bi cinela ovaa operacija?
Za da LCS ot (Lambda Control Sistem) si ja vrsi rabotata, potrebno e izduvniot sistem (zaedo so katalizatorot i sondata) da bide vo idealna sostojba, sto kaj najgolemiot broj vozila so godiste kako i vaseto toa ne e slucaj.Dokolku Lambda sondata e ispravna pa duri i nova, a izduvniot sistem ili katalizatorot e osteten, Lambda sondata ke pokazuva vrednosti na izduvni gasovi, megutoa tie golemini ke otstapuvaat od realnite, a LCS elektronikata preku svojot aktuator ke dozira pogresno kolicestvo na gas. Taka da i moe mislenje (i iskustvo) e deka golema e verojatnosta da ne dobieme nisto podobro vo rabotata na motorot so vgraduvanje na LCS elektronika.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
плимонт... сакам да ставам дизни за плин на усисната грана на рено19.граната е железна и мулти поинт е, т.е. фул инџекшн. во моментов има расплињача волтран од која сум презадоволе, вентил ина и на расплињачата и уште еден на доводот. ама ми е поставен на плочка (дифузер) пред лептирот за воздух. има и емулатор 2,5 омски, врзан за компјутерот, само со него можеше да работи и на плин и на бензин. кажи ми што треба да додадам и колку ке ме кошта вие да го направите тоа? заради намалување на потрошња ми е пошто вакастварно јаде бааги плин. инаку ја палам на плин одма и работи и зиме и лете. електронскоот саух или како го викате електричниот вентил за воздух, за одржавање обртаи е одстранет, на негово место има класичен лоптаст вентил.
 
Onak, излезните големини на механичките делови кај секвенционалниот уред (тој со дизни) немаат ништо заедничко со излезните параметри кај вентури електронскиот плински систем што е вграден на твоето возило. Тоа би значело дека треба да се извадат сите елементи вградени кај моторот освен плинскиот вентил.
Второ, на 2,5 омски возила секвенционалниот уред не ги препознава сигналите кои ЕCU (бензинскиот компјутер) ги доставува до бензинските дизни, со тоа и неможе да го активира плинскиот ЕCU да почне да го калкулира времето на отварање на плинските инјектори. Во превод, нема да функционира. Тоа се возила кој Renault ги произведувал пред 15сетина години, кратко време, за да потоа го напушти тој концепт. Не се застапени во западна европа веќе, така да Италијаните не се потрудиле да побараат решение за 2,5 омските возила.

Прашање е дали кај твоето Рено 19, инјекторите се 2.5 омски. Ако сте ги измериле на отпорност и сте добиле вредност од 2.5 оhm, тоа е тоа.
Мене ме збунува зашто е заменет електронскиот со механичен вентил за ниски вртежи. Renault од таа генерација како твојот е малку специфичен во поглед на избор на емулатор за искључување на бензинските инјектори. Доколку се погреши во изборот на емулатор, бензинскиот ЕCU го искључува ,,електронскиот саух”, и возилото неможе да работи на ниски вртежи. Можеби е промашен изборот на емулатор, и како последица морало да се вгради класичен лоптаст вентил за да возилото работи на ниски вртежи..
 
?

..........

Гостин
Дали е штетно бензински мотор со атестиран плински уред постојано да се вози на плин?
Или мора повремено да се пали и да поработи на бензин....

Некој општо да појасни:smir:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дали е штетно бензински мотор со атестиран плински уред постојано да се вози на плин?
Или мора повремено да се пали и да поработи на бензин....

Некој општо да појасни:smir:
Неам многу искуство со плинските возила, но ако возилото е со карбуратор еве ти логика. Низ карбураторот има еден куп на гумички, диктони и симеринзи кои се потопени во бензин. Откако ќе го исклучиш бензинот и ставиш гас, кај не се потопени, кај имаш 90-100 степени температура на моторот која ги “суши“ и прави да се стврднат. Резултат е, кога ќе завртиш на бензин (по 2-3 години) нема да работи под мала, можно е да течи бензин однекаде и така.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Дали е штетно бензински мотор со атестиран плински уред постојано да се вози на плин?
Или мора повремено да се пали и да поработи на бензин....

Некој општо да појасни:smir:

Или уште поедноставно објаснување од Dzish. Ако долго време ја возиш на плин, доаѓа до запушување на дизните на карбураторот. Како ќе знаеш?
1) Нема да стартува на бензин
2) Ако стартува ќе трокира, особено на полн гас, т.е. чим го притиснеш педалот за гас до крај ќе почне колата да гуши, па потоа (ако не се ептен затнати) ќе ги крени обртаите.

Совет: Кога преминуваш од бензин на гас, ставаш на neutral. По недела дена, свртија на бензин, повозија малку 1км-2км, па neutral, па GAS и ќе биди ОК :)
Зимно време, најубаво е да си ја палиш на бензин, да поработи 1-2 минути в место и веднаш свртија на плин, не на neutral, за остани бензин во карбураторот за наредното ладно палење бидејќи ако ја ставиш на neutral и ќе чекаш бензинската пумпа да повлечи бензин од резервоар, сврши работа зимно време, особено кога акумулаторите се празнат.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Onak, излезните големини на механичките делови кај секвенционалниот уред (тој со дизни) немаат ништо заедничко со излезните параметри кај вентури електронскиот плински систем што е вграден на твоето возило. Тоа би значело дека треба да се извадат сите елементи вградени кај моторот освен плинскиот вентил.
Второ, на 2,5 омски возила секвенционалниот уред не ги препознава сигналите кои ЕCU (бензинскиот компјутер) ги доставува до бензинските дизни, со тоа и неможе да го активира плинскиот ЕCU да почне да го калкулира времето на отварање на плинските инјектори. Во превод, нема да функционира. Тоа се возила кој Renault ги произведувал пред 15сетина години, кратко време, за да потоа го напушти тој концепт. Не се застапени во западна европа веќе, така да Италијаните не се потрудиле да побараат решение за 2,5 омските возила.

Прашање е дали кај твоето Рено 19, инјекторите се 2.5 омски. Ако сте ги измериле на отпорност и сте добиле вредност од 2.5 оhm, тоа е тоа.
Мене ме збунува зашто е заменет електронскиот со механичен вентил за ниски вртежи. Renault од таа генерација како твојот е малку специфичен во поглед на избор на емулатор за искључување на бензинските инјектори. Доколку се погреши во изборот на емулатор, бензинскиот ЕCU го искључува ,,електронскиот саух”, и возилото неможе да работи на ниски вртежи. Можеби е промашен изборот на емулатор, и како последица морало да се вгради класичен лоптаст вентил за да возилото работи на ниски вртежи..
вака сега. му ставивме ние на почетокот стандарден емулатор, што се приклучува директно на дизните, а кабелчињата од дизните во него. и на плин работеше без никаков проблем. меѓутоа се појави проблем со работење на бензин. компјутерот отчитува грешни параметри и како заштита го гаси моторот т.е. му го секнува доводот на гориво односно сам ги гфасеше дизните. па после ресет треба да му правиш... кога одпрва ке запали на бензин се е ок. може да се вози без прекин и без проблем. ама кога ќе се префрли на плин па врати на бензин работи само 4-5 секунди на бензин и пак гаси, без оглед дали е на високи или на ниски обртаи. го држев и на 5.000 обртаи, толку му беше, максимум 5 секунди. после го извадив тој емулатор, па му ставив 2,5 омски емулатор кој се ВРЗУВА СО КОМПЈУТЕРОТ НА КОЛАТА а не со дизните. се сечат 2 жици по шемата, се врзуваат меѓу себе и со емулаторот. значи на емулаторот има само 4 обични жички. 2 идат во кумпјутерот на колата, една е плус и една е маса... толку, нема џекови. инаку информацијата ја извадив од ловато шема за тој тип на компјутер што го носи рено и волво од таа година.

ине ми кажа, дали и колку ке ме кошта да се постави таков плински уред со дизни? што ако се искористи сигналот од дизните за бензин, неможе ли да биде поврзан со секвенционален за плин? ова само пологика идам... ти ке кажеш... и колку ке кошта се разбира...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom