За малце ќе умрев [Near Death]

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Незнам баш кај и е местото на темата, нит па незнам соодветен наслов (Ако некој знае по - соодветен наслов нека го промени).
Оваа тема ја отварам за случки во кои што може за малце човек да загине.
Еве јас ќе почнам прв:

Денес враќајки се од школо, на пешачки, јас нормално како и секој совесен си чекав зелено да светне и да поминам улица (во овој случај булевар), и кога светна зелено на едната лента најнормално колите што доаѓаат застануваат бидејки е црвено common sense, ама некој паметњак со цела брзина за малце ќе ме однесеше. Бидејки не се гледаше убаво а беше зелено за пешаци јас си продужив, ама на втората лента бидејки немаше коли не ни погледнав и си продолжив бидејки и да доаѓаа коли они треба на црвено да застанат. И така на крајта од пешачкиот премин од првиот дел на булеварот ме прошиша едно црно ауди со цела брзина, малце фалеше да ме однесеше.
Незнам како преживеав, еве уште се тресам, ама имало господ.
Инаку не ми е прва пат што поминувам од истиот булевар и никад ми се нема десено вакво нешто, ама како викаат за бељата треба малце.
На вакви лудаци треба доживотно да им биде одземена возачката дозвола.
Незнам како останав жив ама сум имал среќа...
Да застанев на среде пешачки (баш како што се влечкам понекогаш), ќе отидев и господ знае што ќе беше со мене.
Значи ни крив ни дужен заради некој лудак кој што му се лета или е под алхохол ќе си отидев :(

Ако има некој слични случки нека пише да продискутираме. Страшна работа, да се нема ред еееј...
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Не си единствен. Генерален проблем е непостоење на сообраќајна полиција и нејзино функционирање. Мене лично на булевар Борис Трајковски на семафори ме поткачи со кола на пешачки јас си поминав на зелено дури не ни застана да провери дали сум добро.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396

Како беше она.....гледам и лево и десно кога поминувам еднонасочна улица, толку имам доверба во луѓето.

Јас сум секогаш спремен за спринт на пешачки, лево десно по пет пати гледам :)
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Не си единствен. Генерален проблем е непостоење на сообраќајна полиција и нејзино функционирање. Мене лично на булевар Борис Трајковски на семафори ме поткачи со кола на пешачки јас си поминав на зелено дури не ни застана да провери дали сум добро.
Не бе, не е у реду работава.
Јаз застанав и викам еееееј си продужи, кур го боли. Црно Ауди со изгасени светла у ноќе не ни можеш да го видиш од нигде никаде ќе ти искочи.
Страшна работа.

Да видиш во чешка кога бев, пешачки без семафор абе од километар да те види ќе ти застане, ти имаш предност и точка.
Другарче од Германија вика немој да ти се деси такво нешто, ќе добиеш оштета 1,000€+
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Не бе, не е у реду работава.
Јаз застанав и викам еееееј си продужи, кур го боли. Црно Ауди со изгасени светла у ноќе не ни можеш да го видиш од нигде никаде ќе ти искочи.
Страшна работа.

Да видиш во чешка кога бев, пешачки без семафор абе од километар да те види ќе ти застане, ти имаш предност и точка.
Другарче од Германија вика немој да ти се деси такво нешто, ќе добиеш оштета 1,000€+
А да пријавиш во полиција...камери има ли таму?
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Како беше она.....гледам и лево и десно кога поминувам еднонасочна улица, толку имам доверба во луѓето.

Јас сум секогаш спремен за спринт на пешачки, лево десно по пет пати гледам :)
И јас гледам. Не ми е прва пат што поминувам од таму, секој ден оди дојди од школо никад ми се нема вакво нешто десено дури сега и тоа убаво погледнав тој од далеку улетан со црно ауди и изгасени светла и оди ти види го.
Автоматски споено мислење:

А да пријавиш во полиција...камери има ли таму?
Не, ако не се грешам камери нема, тоа е пешачкиот кај СУГС "Владо Тасевски", ама џабе и да пријавам ваква држава ништо не бидува.
А и да го најдат ќе треба да се ебам по судови а и колку се праведни судовите... Не за џабе ЕУ нејќе да не прими.
Ќути арно што сум останал жив. Следна пат секако ќе бидам по - внимателен.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Soobrakajov vo Skopjevo e ludnica, sabajle si stojam na pešački so kolava za da pominat pešacite i zad mene nekoj degen so AUDI A6 mi se zalepil i mi sviri i mavta so racete go gledam na retrovizor, pa se čudam čovekov ne li gleda deka ima obeležan pešački premin i deka čekam nekolkumina da pominat na istiot ... :tapp:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
171
Многу пати за малце ќе ме удрело кола. Нашиве шофери ако те видат на пешачки стискаат на гас за да брзнеш. Крв да серат. Полицајциве казнуваат пешаци што поминале на црвено и кога немало коли, а нигде ги нема да им ги одземат возачките на лудациве што возат ко на рели.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Слободно сменете го насловот, нека биде оваа тема за сите да си дискутираме, бидејки не е само 1 ваков случај.

Исто така, еднаш искочив со едно другарче бевме у сити мол гледавме terminator the dark fate, и бидејки он у ѓорче живее си отиде а ја да одам накај аеродром, отидов до автобуска и ајде гледам на jsp ливе за 15 минути автобус, а башка бев гладен па си викам ај ќе отидам до една пекара имаше у близина, си земав за јадење се вратив, се најдавов убаво и малце повеќе чекав бидејки баш тогаш ги фатив у смена и морав за ноќни линии да чекам.
У меѓувреме (тоа на бул. партизанска беше) си прошишаа 2 коли се тркаа, значи лудило. Човек да поминува низ партизанска во вечерни часови господ знае што ќе го снајде. Може има некој што живее на тој булевар или у близина па знае што се дешава. Да видите какви лудории...
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Жалосно но тоа е нашата Македонија. Низ Скопје кога се движам пешки сум навикнат заеби што е зелено на семафор (тоа не е доволно кај нас), гледај 100 пати на сите страни па движи.
Еве и од страна на возач, јас почитувам правила, предност, употребувам жмигавци на секој маневар но постојано "се пазиш" од другите околу тебе што не почитуваат ништо.
Бидејќи многу често патувам низ ЕУ, таму е друг свет во однос на сообраќајната култура (и останата). Од страна на пешак се е идеално, автоматче на пешачки, подземни премини итн....
Од страна на возач уживам да возам таму бидејќи сите ги почитуваат правилата во целост, едноставно не се ствара притисок во глава додека возиш, нема свирење....се е совршено. Кога ќе си стигнам во МК не ми се седнува позади волан, нервозни камикази на секој чекор.
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Вакви работи се дешаваат зошто живееме во корумпирано и расипано општество. Луѓе имаат пари, моќ, врски и едноставно ИМ СЕ МОЖЕ да возат напиени, издрогирани, да возат дур копаат во телефонот мочан...се тоа и да поминат лабаво дури кога направат срање. Па краен случај и возачката да им ја земат, фино лепо ќе ја извадат татарската од фиока и ќе си возат утре пак мртви ладни.

Не се проблем законите кај нас, горе долу барем во сообраќајот се во склад со Европските, проблем е што законите не важат исто за сите. Доволно е еден од сто да знае дека закон него допира за да се дешаваат срања на патиштата и улициве кошто се дешаваат секој ден.
 
mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
(ван твојов муабет) - Ја као копиљ му претрчав на едно чоече пред кола несакајќи нормално и за малце ќе ме згазеше, на улица кај шо две коли не се разминуваат. Ме кажа копилето дома и ме удрија од земја. И од тогаш не претрчуем :angel:.
А за твојава ситуација жалосно друже шо да ти кажам.. буквално не сме безбедни факт е. Отварање очи ..
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Дечки обавезно вадете слушалки кога поминувате улица, пред некој ден едно дете чекаше зелено да отвори семафорот за пешаци за да помине, кога беше црвено жива кола немаше ама не сакаше да претрча, си остана да чека, се гледа воспитано дете, на зелено таман да помине, кога еден улетан од далеку го слушам, овој си поминува зелено ама со слушалки и не гледа на страната од каде што лета колава туку пред него, не слуша звуци од моторот и гумите поради слушалките, среќа во последен момент крена глава пред да направи последниот чекор во третата лента и да го собереме. Овој секако не ни застана нит ништо, детево од памет се извади, после на другиот семафор на зелено не помина, чекаше да се стабилизира. Исто пазете кога во втора лента имате бус на зелено, тој покрива видикот за трета лента да видите, никако не правете чекор ако е празна лентата и нема кола што чека, прво ѕирнете со глава па после направете чекор, секакви улетани будали има. Особено ова за Партизанска го кажувам, гледам секој ден како полиција без сирена, возачи на приватни/државни автобуси си шибаат, никој не застанува на семафори на црвено, особено внимание кога поминувате семафори што не се на раскрсница, двата меѓу Симпо и Хотел Карпош, трите меѓу Лептокарија и СЦМ итн... Имајте го ова на ум секогаш кога поминувате и внимавајте, секогаш бидете претпазливи, ако се случи беља, доцна ќе е за муабети кој бил крив.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
А да пријавиш во полиција...камери има ли таму?
џабе... пишав уште поодамна на веб сајтот на МВР, со опис на раскрсниците, мува не ги лазе..
јас преклани 2х удрив во странично стакло со тупаница коли што на црвено одат, вториот пат дури гомнарот застанал и ми галами преку улица, сакав да викнам полиција ама наш народ е како стока , сите молчат како пички и во земја гледаат, а стално тука проаѓаат на пешачки ( после автобуската кај католичка, накај Рузвелтова)
Размислувам носење метален боксер, кога ќе го удриш во стакло од страна да му прсне...
Или буткање стара бебешка количка со бетонски блокови, па кога иде засилен на црвен семафор пушти му ја напред да ја учука..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom