Можеше, само знаеш што е проблем тука, прво, беше сам против три стопери, второ, тоа треба да се увежбува на тренинзи, дали тебе ти делува дека увежбуваат акции, поставување во напад, втрчувања? Не само Марсијал, Рашфорд исто вака играше на деветка. Бисака е доста слаб офанзивно и до сега ако се работеше правилно со него на тренинзи, за шест месеци како е тука, треба да се види некој напредок. Не очекувам да биде Арнолд или нешто слично, но напредок сигурно ќе имаше со правилна работа. Пак ќе кажам, и најдобрата деветка у свет да ја донесеш, Икарди, Левандовски, Бензема, било кој, ако нема кој да му створи шанса, ако нема добра тактичка поставеност, некоја замисла на тренерот, увежбани акции, ако треба да искача на 30 метри за воопшто да дојде во контакт со топка, нема да биде ништо подобар од Марсијал. Деветка е позиција која е највеќе зависна од соиграчите. Не можеш ти да очекуваш било што од напаѓачот кога му ствараш по една, многу ретко две, а многу често и ни една шанса по утакмица. На поставена одбрана, Јунајтед е безидеен, а во таква ситуација деветката е најмалу корисна, неупотреблива, исто ко да немаш играч. Една споредба меѓу Рашфорд и Марсијал сезонава. Не рачунајќи ги головите од пенали, Рашфорд (лево крило/страничен напаѓач) има 9 голови, 4 асистенции, 74 шутеви (34 во рамки на гол), 22 утакмици. Марсијал (централен напаѓач) 8 голови, 3 асистенции, 48 шутеви (24 во рамки на гол), 19 утакмици. Поентата ми е дека ние немаме игра за деветката да биде главен у напад, да се ствараат шанси за него. Нашата поставеност поише делува како онаа на Ливерпул. Фирмињо не е во преден план, туку Мане и Салах. Во таква ситуација Фирмињо не е ценет колку Мане и Салах, а е клучната алка за они да фунционираат така како што функционираат. На телевизија често не се гледа неговиот придонес. Кај Фирмињо освен што повеќе му одговара позицијата шпиц од Марсијал, покрупен е, поснажен, предност му е што ги има Салах и Мане кои се доста поквалитетни од сите наши играчи, па работата му е доста полесна, средината на Пул е доста поквалитетна, бековите им се страшни во офанзива, ние ги имаме Шо и Бисака, а најбитната работа е што го има Клоп за тренер. Системот во кои се поставени овие играчи, ги прави толку успешни и било кој од нив да го ставиш во поразличен систем од тој на Ливерпул, нема да го имаат истиот импакт како сега. Не дека би биле лоши играчи, далеку од тоа.