Wow, не ми се верува што читам. Какво релативизирање на работиве. Сигурно знаеш да го уфрлиш и класичниот коментар „што има у тие бомби, ништо нема“.
Спинот го правиш ти.
Оди сега уште еднаш преслушај го разговорот, еве ти го
www.youtube.com
И види како се збори за „природна смрт“, „предозирање“, „немало такво нешто (убиство демек немало), немало знаци на насилство“ и ова последново е за официјална изјава!
После и вика Котевски „изгледа испаѓа дека е наш“ и она вика ЌЕ ГО РАСЧИСТИМЕ!!!
„Убедивме две девојчиња да дојдат во станица“

)
„Мора да се спомне дека бил џанкер, нарушено здравје..:“

Па имаме го „удрил еднаш“ а после „го скршил од мавање“
Човеку Разиел!!!
Што се однесува до тоа дали се нервирала што збори за убиецот дека не можел да скрие или они да го скријат... од разговорот апла се гледа дека Јанкуловска мисли дека можело да се заташка ако се одиграло убаво.
Се, се, ама релативизрање на бомбиве... бомбите секој што ги преслушал како што треба, ќе најде минимум 5-6 работи во кои ќе се запраша дали овие биле луѓе во вистинска смисла на зборот. А да дојде и да пробува да ги одбрани или да каже дека некој ги преовеличувал работите...
Ама добро, 5 години поминаа, меморијата е тоа што е, нема гајле
Да не се разбереме погрешно, ми се гади и од ВМРО и од СДС и од видеа во кои Заев 7 пати вика дека нема да се смени името, видеа од Пендаровски кој вика „какво мењање на име, тешко тој што ќе го смени“ „тепси'та празна, баклавата изедена“ итн итн
Ама бомбите во НИКОЈ случај не смеат да се заборават, релативизираат, бранат...
се убаво, ама зошто Заев се сликаше со убиецот, го пуштија да се лекува и на крај да избега ???
Овакви убиства кај нашата Милиција/Полиција имало поодамно... Убиство е и комшијата, човек со 60+ години, пред 50 години што го однесоа во Идризово и го држеа во буре со вода цела ноќ ( такво им било испрашувањето), а тој требал да оди на операција на бубрег... ама круната е што нашите дебили привеле и малтретирале потполно недолжен човек, на своја рака ...
Утредента го закопуваат со највисоки почести..
Да,ќе кажете сега нема УДБА.. ама и сега ИМА слични работи, обезбедувањето на Бранко ПРЕДИЗВИКА тешка сообраќајка кај Битола, изгинаа недолжни луѓе, башка поради пребрзото возење имаше 55 повредени во Дипломатската колона..
Одговараше некој ?????????????
Турција им даде стипендии на децата чии родители загина, од нашата држава ништо...
Исто изгази еден од МВР или безбедност дечко и девојка на моторче на раскрсницата кај Црвен Крст, возејќи со огромна брзина... Прво го правдаа бил на задача, морал да стигне бргу на Аеродром... После ги силуваа во здрав мозок сите медиуми дека дечкото и девојката на моторчето влегле на ЦРВЕНО..
Сите медиуми молчеа како гомна..
Ама сега, кога требаше да се најде повод за демонстрации, случајот со Нешковски се надува како балон; а тој всушност по последното толкување на оваа власт ( која го пушти виновникот) и не починал на лице место, туку подоцна..
Сега имаме КРИЕЊЕ во ЗДРАВ мозок !!
Кога пред 4 години аудито на Заев имаше сообраќајка во Струмица, прва реакција на ФБ од шарените платеници беше обид за Атентат !!!
Бргу се дозна дека шоферот на Зајко самоволно со службеното возило си возел роднини... ама се полека полека се Заташка и заборави, а шоферот требаше да биде казнет...
Случка 3... Телохранителот на Заев 2016 во дискотека претепа 6-7 малолетници, 2 од нив се здобија со тешки повреди .. помина само со прекршочна пријава, како за погрешно пааркирање !!!!!!!!!!!!!!
Случка 4... 2016, полицаец од Струмица , близок до Примослав , пукаше на малолетници кој бегале од полиција, затоа што влегле и се возеле со некој чамец на негов пријател,( а кој всушност самиот требал да одговара за оставање на јаавно место на неовластено, нерегистрираано изработено пловило кое е и опасно за употреба)... децата едвај куртулија а случајот се Заташка...
..Така да ова за Нешковски е лук и вода, надувана работа и на крај испадна виновникот АЛАТКА за уривање на предходна влада...
Најголема гомнарија е што кај нас
НИШТО не се расчистува ДО КРАЈ
Ете, Андов напиша книга со детали за Атентатот на Глигоров, Фрчко го тужи, прво ја забранија книгата, после ја пуштија, ама пак СЕ СЕ заборави бидејќи кај нас медиумите 24/7 продуцираат НОВИ работи а стаарите одат под ТЕПИХ...