Да не се случи то шо се случи со полска е цела оваа работа. Прво не е обединување туку соработување за оваа утакмица. второ ти и твојата екипа ако сте активен дел од комити ке беше запознаен со се многу поодамна со сето ова. Не е од вчера или од денес муабетот, темели има целата иницијатива многу поодамна. Викаш шпиони на запад ќе се појавеле и партиски потрчковци, значи ледерите на твојата група се шпиони? Од вчера виденото, сите групи беа претставувани од нивните лидери и уште еден тон помали групи по соопштението изразија желба да се приклучат. Желба е целата приказна да биде за Македонија а не против противникот. И крај краева, ако тебе ти е сеедно кој на улиците ќе доминира т.е. и на стадион, некој тоа не го вари лесно. Имате опција сте за или против. Сите групи беа контактирани,а тој член од ајдуци што пише не смее Македонија да ја спомме без придавката ни дома, беа поканети не дојдоја. Мило ќе ни биди ако го сменат мислењето, сите овде што пишите а не знаете шо и како е, значи не сте активни членови на навивачки групи и зато вашето мислење е тотално небитно за целата организација, можете лично да кажите шо сакате али немојте групите шо се изјасниле за да си ги брукате со ваши личнл ставови тука.
Ако некој сегашен или поранешен член на една група има свој став , не значи дека тоа е став на цела група. Ова е форум , секој има право на свое мислење.За да го променат мислењето Ајдуци , прво треба да се биле против , па кажи ни дали тие ко група се излегле со свој став , соопштение било што дека не се за ова обединување , или дека некои нивни членови се одбиле, еве ко што читам некој од вас се биле на тој состанок па ете јавно овде на форум нека објави. Ајдуци веќе подолг временски период не се активни , практично не постои групата , за жал ко и многу групи во државата да сме искрени. Покана има стигнато , касно и на луѓе кои со години не се дел од групата и додека беше активна , сега ко што разбрав ќе присуствуваат на следните состаноци. Се водите на сериозност , а овде тропате еден тон глупости , мешате дпмне сдсм штабови предавници. Како народот во оваа држава ја етикетира Струмица ко предавнички град , така и вие низ годините ги етикетиравте Ајдуци , што е крајно бесмислено и даваше погрешна слика за нас и за Струмица. Доколку беше вистина , групата би цветела место да е целосно падната. Додека бевме активни , на состанок во Струмица со Војводи и Фантоми беше прифатено обединувањето , имаше добри идеи кои не беа поврзани само со навивањето на репрезентациите. За жал не беше прифатено од сите и пропадна ко изминатите обиди. Што се однесува за ова обединување само за оваа утакмица ко што е нагласено може да помине во најдобар ред , не мислам дека би биле до толку абдали со оглед на тензијата меѓу нас и шошоните да се изгазиме ние на трибина, али сепак треба многу добра организација прави одбрани љуѓе од сите групи , а не собирање ќоро и сакато колку само бројка да се набилда. Дали тајмингот за обединување е лош незнам , но сепак мора од нешто да се започне , сме у таква ституација каде што едноставно неможаме дома да седаме и да гледаме шошоните како го полнат стадионот. Ова обединување не смее да застане , ако не за навивање туку за борба против антинавивачките федерации, против секоја власт , мвр .. затоа што се е против нас. Нашата навивачка сцена одамна е згасната , групи што со години не постојат , на рака се бројат групи што се неколку години активни со шака луѓе на трибина. Мора да се покаже сложност преку заеднички кампањи , протести било што , затоа што немаме никаков спорт , клубовите ни се пералници на пари , стадионите и салите ни се празни со години, никој нема никаков интерес за следење на македонски спорт , а без тоа нема да се стабилизира навивачката сцена , со ривалство преку спорт преку квалитетни лиги , умре тоа време на палење дали некој е од Скопје Битола или Прилеп.