Одамна се говоре за отваране на ФОН у Струмица, ја официјално
ФОН стартува во Струмица и во Гостивар
Од 15-ти септември новата учебна година на Универзитетот ФОН ќе стартува со нови факултети во Струмица и Гостивар.
На идните студенти ќе им биде олеснето студирањето, ќе бидат во близина на нивниот град, ќе им се намалат трошоците за живеење, а истовремено ќе се иницира и кај компаниите во градовите за вработување на кадрите од овој универзитет.
„Со тоа што Струмица би ги опфатила сите општини околу, градови соседни, Гевгелија, Валандово, па дури и Р. Бугарија и Р. Грција. Очекуваме да има во тој дел доста студенти што би студирале“, вели Сефер Цановски, генерален менаџер на ФОН.
„Имаме нови програми коишто ќе ги понудиме. Пред се би сакал да напоменам заедничките студии со последипломските студии со лица коишто ги спроведуваме од оваа година, каде што ќе се добијат и таму двојни дипломи“, додава тој.
„Во општина Гостивар мислиме дека би ги опфатиле Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Битола...“, објаснува Цановски
„Да успееме да привлечеме внимание затоа што од анкетите кои ги извршивме и разговорите кои ги обавивме во општина Гостивар, констатиравме дека навистина ФОН универзитетот е многу позната и призната институција“, рече Александар Николовски, ректор на ФОН.
Во време на масовни комуникации најважно за секој студент е да биде поврзан со неговите колеги, професори и асистенти.
„Независно од тоа каде се наоѓаат, дали се на настава, дали се во зградата, дали се дома, дали се надвор, значи, од државата, тие ќе бидат во постојана конекција со универзитетот и со активностите што тука се случуваат“, вели Симе Арсеновски, проректор на ФОН.
За прв пат во Македонија се применува ваков дигитален концпет што го користат светските врвни универзитети. Ваквиот начин на образование е единствен во овој дел на Европа.