- Член од
- 18 декември 2019
- Мислења
- 600
- Поени од реакции
- 1.666
Хрватите на РТЛ а Србите на РТСНа која ТВ Хрватите а на која Србите ке ги пренесуваат своите утакмици?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Хрватите на РТЛ а Србите на РТСНа која ТВ Хрватите а на која Србите ке ги пренесуваат своите утакмици?
Истово го мислев завчера кога играа Австрија Чешка, пред нашиот натпревар. Во салата имаше 2ца Македонци, и двајцата беа целосно обвиткани со знамиња, плус и едно знаме висеше позади едниот гол. Не видов ни едно австриско знаме, нити па чешко, дресови си носеа голем број од гледачите и тоа е тоа. Заврши нивниот меч и настапија Македонците на сила, немаше место каде немаше закачено знаме, трибините не се гледаа од сите видови македонски знамиња. Значи да не ме разберете погрешно, немам апсолутно ништо против нашето знаме, само не ја разбирам потребата да се истакнуваат така видливо сите наши комплекси и неизживеаност.Толку ли сме тажни како нација човече? Самите си правиме криза на идентитет. Која е потребата во секоја прилика да се докажуваме кои сме и како се викаме? Македонци сме, си знаеме, нема потреба после секоја статија од сппртски натпревар да се пишува само на таа тема.
Тоа е поради тоа што не знаат да навиваат австријците и чеситеИстово го мислев завчера кога играа Австрија Чешка, пред нашиот натпревар. Во салата имаше 2ца Македонци, и двајцата беа целосно обвиткани со знамиња, плус и едно знаме висеше позади едниот гол. Не видов ни едно австриско знаме, нити па чешко, дресови си носеа голем број од гледачите и тоа е тоа. Заврши нивниот меч и настапија Македонците на сила, немаше место каде немаше закачено знаме, трибините не се гледаа од сите видови македонски знамиња. Значи да не ме разберете погрешно, немам апсолутно ништо против нашето знаме, само не ја разбирам потребата да се истакнуваат така видливо сите наши комплекси и неизживеаност.
Јас никаде не спомнав за навивањето, туку за декорот. Нема потреба од милион различни знамиња за да навиваш добро. Ако е така ко шо викаш, многу лесно за просечниот австриски навивач што ни завидува, нека нареди 500 знамиња и готово, навива добро (според твојава логика).Тоа е поради тоа што не знаат да навиваат австријците и чесите
Ти го викаш ова пошто мислиш дека е добро нивното навивање
Кога ќе дојдат странци кај нас се чудат зошто не е така гласно и јако кај нив
Просечниот австриец не ни знае тројца ракометари да каже а камо ли да се замара со спортов
Ние не можеме да се надеваме на некои поголеми успеси на вакви натпреварувања зашо пред се сме дупиња во одбрана. Ако со Киро нападов ( се уште) држи некое ниво иако и тоа е дискутабилно (пошо сме доста провидни посебно против јаките репрезентации каде тешко поминува таа наша офанзива) у одбрана сме бетер и од наш Вардар оваа сезона. Плус се повреди ветеранот Велко (замисли у него се уште се крстевме, знаеш колку е сааат) така да сувишно е да се зборува за некое наше изненадување на ЕП. Уствари разни се очекувањата, пошо за повеќето изненадување е едно, а за други изненадување е медал. За мене лично ако бидеме у Топ 6 на ова првенство ќе биде исто како да сме земале медал. Знам дека можеби звучам превише песимистички ама ова мое мислење се темели на постојаното пратење на репрезентацијата во изминативе 20 години, и мислам дека оди само надоле а не нагоре. Едниоставно нема кој да повлече и тоа ќе се види на првенството. Киро ќе пружи тоа што може, ама далеку е од тоа да може сам да носи победи као некад. Од Талевски и Кузмановски не очекувам ама баш ништо, јас ги викам подавачи. За мене они не се бекови, колку и да звучу грубо. За Мартин Велковски воопшто не сакам да коментирам, једино пикери сме добри, ама џабе и тоа коа квалитетна топка може да добијат еднинствено од Кирца.Како дечко со муда секако ќе го издвојам Танковски, ама далеку од тоа дека може да направи не знам каква разлика посебно со топ 5 репрезентации. И убаво спомнаа погоре. На голманска позиција МОРА да стартува Николче, а Борко да влага како замена да проба да скине нешо. Депресивно делува Борко како го решетаат на гол. Би сакал момциве на ЕП максимално да ме демантираат до збор, ама чисто сумњам. Ќе биде иста приказна како и претходно, со истите изјави типа -Младите мора да превземат повеќе, не знам што ни се случува на ваквите натптеварувања итн. Пак ќе кажам, живеам за тоа да ме демантираат и да блеснат, ама мислам дека нас толку ни е капацитетот, без никаква доза на потценување, или некаков македонски хејт, ова најискрено го мислам и го пишувам. Поддршка секако ќе имаат и на лице место, по нивните изјави има и добра атмосфера во репката, па ако е така ете им можност да ги разуверат песимистите како мене дека може да се дојде до добар пласман на ЕП.