Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.836
Поени од реакции
1.310
А да неиспадне дека само попатно слетал авионот во Манчестер, а инаку летал за Германија.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.628
Поени од реакции
11.691
А да неиспадне дека само попатно слетал авионот во Манчестер, а инаку летал за Германија.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
сигурно Фердинанд така ке се излета
иначе не трескајте Бруно ке биде топ засилување какво крпење, проблемот е што ни требаат и на др позиции играчи што ке бидат у прв тим

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Бруно ќе биде топ засилување. Можеби и најдобар избор за засилување на таа позиција посебно во зимски преоден рок. Се надевам нема пак да ја оплескаат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Сега го земаат Бруно и го шиткаат Матиќ за две кила брашно во Интер и пак само со двајца средњаци до крај на сезона :icon_lol:
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.779
Поени од реакции
44.013
Стварно не сум го гледал Бруно кој знае колку за да имам некои реални очекувања од него, меѓутоа доволно е што конечно им текна да земат плејмејкер и играч што знае да игра со топка во средина.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Стварно не сум го гледал Бруно кој знае колку за да имам некои реални очекувања од него, меѓутоа доволно е што конечно им текна да земат плејмејкер и играч што знае да игра со топка во средина.
Исто, барем везњак е, е до тој критериум спаднавме.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.672
Поени од реакции
8.291
Стварно не сум го гледал Бруно кој знае колку за да имам некои реални очекувања од него, меѓутоа доволно е што конечно им текна да земат плејмејкер и играч што знае да игра со топка во средина.
И овој е роден со тапија за шут! Од тоа што го гледав 2-3 пати со Спортиг, троши доста топки, при што некои уште побезвезе од Фред :( .
Е сега може друг програм ќе има кај нас, оти у Спортинг е прв петел!
Автоматски споено мислење:

Исто, барем везњак е, е до тој критериум спаднавме.
Ти како го пиша ко од Пустец невеста да е:D
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.274
Поени од реакции
1.162
Сега го земаат Бруно и го шиткаат Матиќ за две кила брашно во Интер и пак само со двајца средњаци до крај на сезона :icon_lol:
Нема шанси матиќ да си иде може лингард ако некој го сака
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.617
Поени од реакции
6.418
Мене овој ми е Раул Меирелеш ниво од тоа што сум го гледал. Минатото лето не сакав да го купиме но сега со оглед на ситуацијата немам ништо против. Средниот ред ни е толку очај што и Дерон Гибсон да го вратиме ќе ни стои како големо засилување.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.329
Поени од реакции
26.279
Бруно Фернандеш, Мата, Переира и Лингард. Четири десетки, за една позиција. А зад нив, двајца здрави, на две позиции. Никако клубов да направи баланс... Ама тоа не значи дека Португалецов нема да биде засилување.
 
Е да може да се направи микс! На Мата знаењето, на Лингур трчањето, на Переира возраста, не ќе треба овој заблево! А така засулување, до толку што ќе се збогати ростерот, оти од овие тројца што ги имаме веќе нема фајде!
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
502
Поени од реакции
969
Видела невестата крастаЈца..и оти крива е..аабе..
Тие тројца Мата, Переира и Лингурот да ги составиш еден асолен нема да излезе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom