Али не е турско име, Али е Арапско име и го корисат за муслиманско....
За разлика од Исламот во православието народот и понатаму си ги користи имињата кои и пред да станат Христијани си ги имале... Но и додале нови имиња на светци и апостоли, додека старите словенски имиња попут Репош, Воислава, Богдан и така натаму продолжиле да ги користат... Но и новите Христијански имиња ги приспособиле според својот јазик...А некои останале исти попут Никола...
Така на пример Константин, станал Костадин (еден од браќата на Ѓорѓија Кастриот)
Или Јован станал Јон (татко му на Ѓорѓија Кастриот).
Е сега друго прашање е презимето.... Што уствари значи Кастриот на Албански... каков корен има...
И друга работа ако имињата на децата се ставаат според славни личности од Историјата, како што е кај нас случајот со Гоце, Марко, Александар, Филип... Колку Албанци ти познаваш што се викаат Ѓорѓи???
Ако приказните што се раскажуваат се приказни од историски личности, колку приказни ти раскажала баба ти за Ѓорѓија???.
Ако песните се пејат за Јунаците, колку песни ти знаеш за Ѓорѓија???
И на крај ако Грците се замонашувале во Грчки манастири, Ерменците во Ерменски.... Јон, татко му на Ѓорѓија, зошто се замонашил во словенски манастир???
П.С.
Нема Ерменци и Грузијци што се викаат Богдан, Воислава, Репош, Мара, Јелена, Анѓелина, Влајка, Мамица, Станиша ... а се православни