Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Друже земи сам со Арис испрскај, нека постои пет минути и полека исплакни со вода, со пазење. Ако остане нешто повтори ја постапката. Ако пак нешто има останато земи со брејк клинер испрскај и зачисти.

Ако ја однесеш на перална кога ќе му влезт со вап на моторот на сите можни и не можни места вода ќе прими, може и воопшто да не запали колата после тоа.

Премногу електроника имаат модерниве коли за такво миење со вап, триста проблеми може да настанат.

Инаку изгледа дека тече од диктонот на капачката на вентилите.
Напротив.Најстрого е забрането мотор со млаз од црево да переш.Со вап многу се помали шансите вода да навлезе.И колите што пуштаат вода од негде на перење со вап не пропуштаат а со млаз од црево пуштаат од кедерите.Гарантирано,испробано.Со вап е многу по безбедно
Автоматски споено мислење:

И пежово кога го перам сам со црево се пуни вода а у перална со вап не пушта од нигде
 
Beru потешко се најдуваат, Lucas се добри греачи, бегај од Iskra, NGK, Febi Bilstein...овие три уствари истите греачи се, се прават во Кина само различна штампа имаат на нив. Искра нема врска со словенската искра. Некоја кинеска копија се сите кај нас.

Јас на колата ставив Феби греачи, послем Лукасот кој траеја скоро три години. За две недели еден од греачите изгоре гледам со унимер дека е отиден. Го одвртив делот што се грее внатре ГО НЕМАШЕ...едноставно стопен. Другите беа деформирани и тие готови за топење. Послем ова не планирам ништо со знак феби да купам.

Послем натегање со продавницата од кај што ги купив, не успеав да да ги вратам парите назад како демек требале да го чекаат дистрибутерот за феби да дојде да го кажат ова она иако ја чував фискалната и ми рекоа дека имам гаранција дека нема да има никаков проблем со греачите, дека биле супер, германски квалитет било феби, ова она...

Јас во меѓувреме си купив пак исти Лукас греачи и ги намонтирав зошто колата ми требаше и не можев нив да ги чекам.

И ок им ја оставив фискалната чекам една недела, ми пукна филмот одам таму им викам ок дај ми ја фискалната назад, ако пари не ми враќате...и јасно беше дека уствари фискалната не можеа да ја најдат, односно ја фрлиле во корпа.

Немојте да купувате во Авто делови Матадор Прилеп, не знам дали и во Скопје имаат продавница али се тешки идиоти со фушерај роба.

Да биде иронијата поголема, тие се најголемата продавница за авто делови во ПП, и имаат највеќе стока на лагер и прават огромен промет на дневно ниво. Лукасот пак ги зедов од едно продавниче 3 на 3 ама сепак поштен испадна човекот.
 
Последно уредено:
Помош момци, на таблата од голфот пишува: WEGFAHRSP AKTIV ! и свети таа колата со клуче под неа. Ве молам одговорете дали тоа е нешто со алармот и како да го деактивирам сама дали можам?
 
Помош момци, на таблата од голфот пишува: WEGFAHRSP AKTIV ! и свети таа колата со клуче под неа. Ве молам одговорете дали тоа е нешто со алармот и како да го деактивирам сама дали можам?
Мислам дека е поврзано со имобилајзерот или клучот. Ти пали од прва?
 
Помош момци, на таблата од голфот пишува: WEGFAHRSP AKTIV ! и свети таа колата со клуче под неа. Ве молам одговорете дали тоа е нешто со алармот и како да го деактивирам сама дали можам?
Може да се повеќе работи:
енкрипцијата на клучот (ако имаш резервен пробај да запалиш со него, ако е проблем до овој клуч ќе го видиш одма), слаба батерија на клучот, ако не носи ја на електричар (пази само да не те одерат, тешко се наоѓа од прва).
Може да ти го прекодираат клучот, да го проверат имобилајзерот и транспондерот id48 immo, контролна плоча, друго не ми текнува.
 
пали и веднаш се гаси, а има гориво

Изгледа е код за палење е блокиран односно не вчитува кодот затоа веднаш се гаси така е дозајнирано од крадците значи кај клучар да одиш да напрви рестарт код

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Пред некој ден имав прилика да го пробам како тест возило. Сосема ги оправдува очекувањата, чини неверојатни 10.990eur. Не очекував дека ќе ги најдам во толку голем современ салон.
 
Attachments

  • 441210C4-D92A-4335-8F62-CDD6918DD7C9.jpeg
    441210C4-D92A-4335-8F62-CDD6918DD7C9.jpeg
    328,6 KB · Прегледи: 58
Пред некој ден имав прилика да го пробам како тест возило. Сосема ги оправдува очекувањата, чини неверојатни 10.990eur. Не очекував дека ќе ги најдам во толку голем современ салон.
Колку има гаранција?
 
Пред некој ден имав прилика да го пробам како тест возило. Сосема ги оправдува очекувањата, чини неверојатни 10.990eur. Не очекував дека ќе ги најдам во толку голем современ салон.
КолиЧето можно е да е солидно (y)
Но... (back to reality) Многу пропратни фактори се потребни да се пробие некој не толку познат бренд. Треба со секој модел да имаат и специјализиран сервис и резервни делови, гаранцијата е битна ама да има позадина, не да појави фабрички дефект и да нема делови или да се чека месеци. Единствен начин да се пробијат овие брендови е да имаат смешно ниска цена, што 11к евра не е баш ефтино да ги затворам во бренд на возило што не е застапено на наши простори, а и нема шанси да успеам да го препродадам после х години.
 
Во склоп на продажниот салон имаат и ултра модерен сервис со достапност на делови во секое време.
Автоматски споено мислење:

Колку има гаранција?
3 години и неограничен број на километри. Во понудата се уклучени и гратис зимски гуми и можност за лизинг преку Sparkasse.
 
Последно уредено:
Great Wall кинеските ги носат од Бугарија во моментов за ептен ниска цена, таму отвориле и фабрика за производство на овие и има половни за ситни пари. Еден пријател зеде џип од Great Wall Hover произведен декември 2011, со сите давачки и регистрација тука му дојде околу 5000 евра. Џипот има поминато 120 000 (фирма го имала пред да го вратат на продажба во салонот и е цело време одржуван во овластени сервиси), кожа, какви не ѕунѕурки внатре, камери позади, навигации, грејачи на што не, на прв поглед изгледа стегнато камен...за таа цена мислам дека вреди и да се проба кој е мераклија на џипчиња.
 
Фабриката за склопување на Great Wall во Бугарија е веќе одамна затворена, баш поради лошата логистика на делови. Па ти види сеа зашто ги даваат џабе.
Автоматски споено мислење:

КолиЧето можно е да е солидно (y)
Но... (back to reality) Многу пропратни фактори се потребни да се пробие некој не толку познат бренд. Треба со секој модел да имаат и специјализиран сервис и резервни делови, гаранцијата е битна ама да има позадина, не да појави фабрички дефект и да нема делови или да се чека месеци. Единствен начин да се пробијат овие брендови е да имаат смешно ниска цена, што 11к евра не е баш ефтино да ги затворам во бренд на возило што не е застапено на наши простори, а и нема шанси да успеам да го препродадам после х години.
За 11 000 евра што очекуваат да има на колава?

Кога излезе втората генерација на Дачија дастер, некако ми фати дизајнот око па си велам чекај да видам за што станува збор. Кога ја видов подетално ми стана јасно зашто кошта 15 000 евра нова.
Значи никад до сеа не сум видел SUV со барабани на задните тркала (нешто што го нема ни на коли од компактна класа а за SUV да не праиме муабет.
Друго, внатрешната страна на крилата нема ама абсолутна никаква заштита од корозија, пластиките секаде лабави и крцаат, а колата е нова. За кинески стандард не знам, ама можам да замислам каква кола може да биде за тие пари.

Не фала.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom