Две клими ќе се генерално поефикасни. Но само генерално, затоа што само во поглед на потрошувачка на струја. Ама се две. Треба да се чистат две (1500 денари), може да се расипат две, ќе се абат две. Инт, две се две. Две монтажи, две дренажи...
А ќе се поефикасни затоа што:
Да речеме дека треба да се испорачаат 2кв топлина, 3кв топлина, и 4кв топлина. 5кв топлина.
2кв, едната 5,5 ќе е на минимум и ќе работи со највисока ефикасност. Ако може да се симне до 2кв да испорачува. Ама ќе е океј.
3кв, едната 5,5 ќе е на средно оптеретување, и ќе вади добра ефикасност. 1,5кв за двете не е проблем и ќе е најефикасна.
4кв, едната 5,5 веќе е на максимум. Ќе биде ефикасна но ќе дува силно, ќе е гласна, и ќе е ос опаднат ЦОП. 2кв за 3,5клима е океј и може да ги испорача со океј ЦОП повисок од оној на 5,5ката
5кв, едната 5,5 веќе неможе да испорача 5кв, температурата ќе опаѓа (5кв е ЕКСТРЕМНА БРОЈКА за објект и треба да се преиспита објектот, ама кај нас со промаја прозорите и трска неизолирани тавани е сосем можно). Двете ќе испорачуваат по 2.5KW без поголеми проблеми, но со опаднат COP.
6kv, ednata 5,5kv веќе е далеку над своите можности. И треба 2KW панелка да и помага. двете 3,5ки ќе даваат по 3KW секоја. Ќе се помачат, и поретко кои 3.5ки можат да дадат 3KW, Ама тоа е веќе максимумот што може да го испорачаат.
7кв. една 5.5кв веќе и требаат две панелки по 1.5KW за да и помагаат. Двете 3.5ки ако се некои моќници како FH35VE, или LN35VE или FTXZ35 или VE35SKE ќе успеат да испорачаат 7KW без проблеми и со многу висок COP.
Сепак за кај нас јас би одел на помалку единици, ако просторот дозволува. Некоја како FTXF50 наместо две FTXF35ki. Бидејќи кај нас ладното трае највеќе 2 недели, за кои не вреди да се мрцвариш со повеќе од минималниот број на единици за тој простор.