Еве вака, сметка без греење ми е 1.000 денари. (лед осветлување, електрична плотна + фурна, машинки за кафе секогаш, плус сушара за алишта). Соларно имам, ама на вакви денови секако догревам плус на струја. Плин и плински уреди немам дома. Сметката од 20 октомври до 20ти ноември ми е 1980 денари. (значи за греење помалку од 1000 денари), за овој месец ќе видам за некој ден. Најголема сметка декември, јануари имам платено 4500-5000 денари. Пред 2-3 години имаше јака зима и големи минуси тогаш платив 6.000. Климата 12ка Грее Cozy (веројатно една од најефтините на пазарот) константно наместена на 19ц (греам спална + купатило + ходник), во дневната Грее Ломо 18ка, константно на 24ц (греам салон, плус кујна плус ходник). Климите не се гасат скоро никогаш. Патем имам околу 18м должина надворешни зидови (станот е на ќоше од зградата). Кој не верува слободно нека помине на кафе и да се увери во истото. Верувам со фасада и подобри клими би платил и помалку, а доколку имам и комшии многу, многу помалку.тоа сосе бањање, бојлери, машини за перење, миење садови, правосмукалки, пеглање, готвење и други електрични уреди...? Добро луѓе на што живеете вие по 2-3000 што трошите за сево ова во толкав простор зимно време, без изолација. Кажете ја формулата
П.С. Оваа е трета зима, во станот, со климите

и со здравје да си ги трошите парите сите што си ја искористивте оваа можност. 




