Апсолутно можам да кажам дека не си во право, еве јас живеам во зграда која е изградена пред 25 години и нема никаква фасада (обичен малтер), прозорите секако сменети пред 3 години (кој нормален денес нема добра дограма) и најбитното: НЕМАМ КОМШИИ ОД НИТУ ЕДНА СТРАНА околу мојот стан, вклучително ни ПОД ни НАД мене. Загревам стан од 72м2 со две клими и инвестиција од околу 63.000 денари. Цела сезона на греење не трошам повеќе од 12.000 денара (можам и сметки да сликам). Секој ден се луфтира, имам клими кои не се врв во понудата и лоша фасада па 200 евра ми е повеќе од супер. Не губам простор за складирање дрва, немам пепел за фрлање, немам чад во станот, немам ќунци чистење, немам мака за качување дрва на 2ри.... Греењето дрва да го фалиш во 21век е веројатно дека не си го видел благодетот на климите. Јас 25 години се греев на дрва кај моите кога живеев, ама сега...многу е подобро.