Можи досадив ама да апдејтирам за колегите форумџии кои ми помогнаа со совети за струјата и осигурачите.
Пошто немам мерни инструменти, дојде мајсторот и измери све живо од жици, термостат, сигурносен термостат до модуларните прекинувачи за купатило. Иако му сугерирав дека кварот е негде меѓу осигурачот на таблата и прекинувачот за бојлерот, пред купатилото, тој буквално све провери.
Следен чекор експериментиравме со загревање од половина час на водата и го исклучивме прекинувачот. Точно по 15 минути, осигурувачот падна (
друг потрошувач или шуко нема на тој осигурувач, исклучиво е за бојлер што е и разбирливо со оглед на амперажата).
Падна, иако бојлерот не беше вклучен. Е сега, се консултираше и со колега по што заклучија дека можно е да е самиот осигурувач, посебно што нема потрошувачка, а паѓа (веројатно откако ќе се загрее). Доколку има проблем или спој прво паѓала (и треба да падне) онаа т.н. Фи склопка (во самата табла), како што и треба. Сега тоа не беше случај.
Инаку осигурачот е некој кинески (цела табла е таква) Vto ли Veto ли, така нешто. Ми сугерира по празниците С Никола да ставам друга марка иста големина, ETI или слична фирма, кога веќе го менувам.
Дали е навистина осигурачот, ќе видиме откако ќе го сменам, се е можно, ќе пишам накратко, ветувам. Па ќе видиме, ако има уште некој паталец, ако може да му помогне ова мое писание