@lazar31 @xope и до останатите од северџанската багра.
Пак почнавте да тупите за референдумот и можеби ќе успеете да излажете некој.
Прво. Зошто не почнете да зборувате зошто не се отвара никаква постапка за полнењето на кутиите, очигледно беше дека има 50 до 100 илјади наполнети гласови.
Претходните анкети/проценки беа дека ќе има некај 800 илјади излезност, па можеби имало план како да се дополни до цензус, каде е владата (и институциите) да проверат кој е тој што сакал да успее референдумот?
Второ. ако излегле милион ПРОТИВ кој немал да го почитува нивниот избор?
ХАХАХА што би рекле од владата, доколку имаше цензус дали ќе имаа потреба да полнат 50-100к гласови, што мислете што е потешко да гласаш на 5 секунди или после да ги изброиш ливчињата како ти одговара.
На референдумот во одборите имаше само по 3ца од редот на администрацијата, додека на овие избори ќе имаш и партиски преставници (сигурно оти веруваат во броењето ќе стават по уште 1 нивен наблудувач).
Трето. Упорно зборувате како ете излегле 600к каде биле тие милион против, а заборавате дека во Каталонија имаше референдум кој беше брутално попречуван и пак на крајот имаше 10% повеќе од нашиот, и велат дека референдумот не успеал, ама и да успеал не бил законски,
кај нас си знаете дека Уставниот суд на една недела пред референдумот кажа дека се е регуларно (зар смееше да каже поинаку по толку фрлени пари во пропаганда) иако убаво Апасиев и беше образложил што е прекршено (иако за економскиот дел е
, за правниот дел можеме вода да му носиме).
Четврто. Оваа најбитното, Вмро не мрдна со прст да извлече позитивен резултат од референдумот, не мрдна со прст и во собранието, ако требаше и 80 пратеници ќе имаше што ќе ја сменат страната.
Исто така ме нервира Мицковски што дава изјави дека му требале 80 пратеници, па он ќе го сменел назад, а се што му треба е независна власт која ќе ги поништи сите одлуќи кој се донесени од незаконскиот претседател на собранието, тоа е најлесно за докажување дали е законски или незаконски и понатаму се што е со негов потпис во улога на претседател не важи.
Мислев да напишам нешто за рекетот, ама што да пишуваш кога гледаш дека се прави пазар, Циле, Камчев и овие другите се гледа дека си имаат наплатено, ама Камчев мора да го заврши шоуто што го започна.