Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга види вака

Разбрав дека не биле жените превртливи туку било обратно, мажите го менувале својот став и 3 пати почесто од жените.

Но, причината не била затоа што се жените по одлучни, туку затоа што биле изразено по тврдоглави и по упорни од мажите.
 
ДК
надвор од 0 малце оди накај -1 а веќе има паника у нашите редови: што е ова студи денес!!! Па студи ама малце е декември, ни се погоди плусот :)
Сакам да кажам дека многу лесно прифаќаме ненормални работи кога ни одговара...
 
Драга кајгана,

сабајлево одам за на работа во трамвај. Пред мене седнати татко и син. Синот палав, шо да ти распавам.Галамит, па плачит, се дерит, па го удират татко му по лице со шамари, го кубит за коса..а овај кутриов го галит и му се смејт.

Еднаш одевме со татко ми за Струга по стариот пат со комбе. Тој шоферот возеше со 70 на сат ко да возит компири, па удривме на една дупка и ракава ми летна и случајно го удрив татко ми в лице. Ко ми ја ѕвизна една од нопаку в градинка ме врати, а трето одделение бев тогаш.

И си викам сеа, да беше татко ми по потекло од Дрезден место од Трпејца, можда немаше да јадам ќотек :cautious:
 
Драга, ептен се напнувам кога и да чекам на каса во маркет. Ообавезно мора да има некоја накинџурена, испазарила цела количка, касиеркава ѝ куца производ по производ, оваа дреме, блее, касиеркава ѝ кажува колку пари, па тогаш почнува пополека да ги собира производите (во превод: чека касиеркава да ѝ помогне, ноктите да не ѝ се скршат) и нормално не дава пари. Него ги собира така пола саат тоа ќесите, во меѓувреме цела редица се собрала после нејзе, па се мисли дали да искористи поени, па ај не... Врв беше ова денес:
- Ќе искористите поени?
- Колку имам?
- 50 денари.
- Е па колку би била тогаш сметката?
Па израчунај, ваљда можеш минус 50 денари на памет да израчунаш ебате.:tapp:

Плус, логично е кога одиш да прашаш за цена на каса, си поставуваш граница, ако е до толку пари - купувам, ако не - јок.
Ама не. Мора на каса да проверуваат дали е пешкирот 100% памук, па дали ѝ одговара величината, па да беше поевтин малку би го земала... ама и бојава ќе избледи после перење? :cautious:
Ми скисна, се префрлив на друга каса, имаше 5 души пред мене, завршив и гледам на другата каса уште ги држи пешкирите во рака и се мисли дали да ги купи. :tapp::tapp::tapp:

Не знам како така се оперирани од осет бе... Се знае, дур стигнеш на каса си пребројуваш пари, размислуваш дали да искористиш поени, собираш ќесите и готово. :toe:
 
Драга,

Татко ми чат пат знае да разгледа од поновите слики што сум ги фотнала и си одбира што сака да извади ко фотографија. Имаше неколку дешавки последниов месец, два, па имаше доста фамилијарни слики, си викам ок, еве види што ќе ти се допадне. Се враќа тој после некој саат, носи сликите, и ај погоди кој водеше со најмногу фотки. Папагалот. Цели пет слики со папагалот, де он со него сликан, де папагалот сам. А секогаш, буквално нема поминато еднаш да не си појдам дома, а да не ми рече ми здосади овој да го играм цело време, собери си го кога ќе си одиш и него. А и пилето само трча по него, одамна му е татко ми најдобро другарче, а јас сум втор избор, а се почесто и на игнор. Јас сум крива што ги сликам, више и тоа нема да го правам. :D
 
Извинете што сам ќе се цитирам, ама ова е најдобрата вест што било кога ќе ја прочитате :cuc:

Кој вели дека смената на името ни донесе само негативности?

Аааа!!!


Нема подобро од ова!

Значи го читам, одам на страната да видам дали е легитимна или е фејк страна што шири дезинформации и уште не ми се верува.


Maкедонија од 30.мај до 7.јуни ќе биде домаќин на СП во фудбал на непризнаени земји

Каков ебан наслов.

Над.Ре.Ал.Но.

И ова е вистина

Аууу :cuc: :vozbud: :pos:

Еве ги екипите што ќе настапвуаат

Прегледај го приврзокот 224188


И тоа пази го ова!!

Требало да се игра во Somaliland, но се откажале поради тоа што...неам појма прв пат слуишам за ова.

После тоа, Kernow се понудиле, но на крај рекле дека најотепана и нај не-земја од сите овие е ЦЕБЕПХА МАКЕДОНИЈА

Аууу каква ебана вест еј, денот ми го направи ова :pos:

Актуелни шампиони се Karpatilja :D

Чисто онака да ги видите сите домаќини на првенствово до сега :)

Прегледај го приврзокот 224189

Три вештачки земји што не постојат... и Абказија исто :icon_lol:
 
ДК
не знам дали знаеш, ама кога ќе пробам да ја отворам твојата страна и ќе затекнам "server error", се осеќам како машко кога не ми се јавува на телефон....
 
Драга,

Читам нешо овие од конкуренција,Фемина Форум се курчат нешо .... Ај среди си ги момичињата .....

Првут – како да се ослободите од досадните „снегулки“ во косата?



 
Драга,
Во главна конкуренција за „Најбанален настан на годината“ и претендент за освојување на прво место:
Избрани најдобрите македонски инфлуенсери
Извадок од текстот:
Инаку, сите наградени се воедно првите членови на influenceragency.mk.
Или во превод „Сам себе го наградувал“, „Браво мајкино, шо си ми паметно и убаво“ и сл.
Битно они си се забављале :toe:
 
Ме фаќа криза кога ќе видам нема кајгана, ми иде да фанам да се префрлам на фемина форум.
Во такви моменти на криза само се потсеќам што би му рекол големиот @Stefan-kobe на рандом член што му ги поти јајцата.
"Издржи, да тиибам мајката".
Ми поминуе-Не се зачленуам.
 
ДК
Треба некој да им објасни дека IQ и mindset се тотално различни работи. IQ - то е фискна работа и засега нема начин да се промени па дали веруваш или не е тотално промашено прашање. Од друга страна growth vs fixed mindset си е океј ако веќе така го поставиш прашањето.

IQ - то е на некој начин само потенцијал меѓутоа за било каков успех е потребно многу повеќе тука е уствари дебата за фиксен наспроти развоен менталитет.

Особа што верува во себе и константно се надградува со голема веројатност ќе успее многу повеќе во животот без разлика што има некој IQ поен помалку(нормално се мисли на просечна интелегенција)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom