Некој искуство со Флунисан од 20мг?
Бев на психијатар ради анксиозност и направивме се убаво муабет, и ми ги препиша овие таблети да ги земам... на излегување ми рече ако имам стравови пак да дојдам. Мене не ми беше јасно, ја прашав од што страв, кога ќе ме фати криза или нешто од апчињава последици, таа ми рече "само дојди"
.
Ок ги купувам апчињава, и сега пред да се напијам ми текна упатството да го читнам, и знаете нормални работи може да се појават алергии, не се препорачува за шеќераши итн... и на крај пишува "Лекот дејствува после 2 недели, во меѓувреме можат да се појават нагони на самоповредување и самоубиство"
Јас
Некој совет да дадевте, имам несоница, анксиозност и мала депресија. Сето ова
привремено ми поминува со вежбање, пешачење и други занимации, али еве апчињава ми е страв да ги пијам, една недела ми стојат у фрижидер. За смирување пијам чај од жалфија, тоа ме опушта, и многу ретко хелекс од 0,25 мг