кај многу вакви лекови ги пишува сличните т.н. несакани дејства, обично или се јавиле кај еден од икс икс случаи или да се заштити самата фирма. Ако ти е препорачано, почни да ги пиеш па ако случајно осетиш некој таков симптом (што не ми се верува ако ти самиот потсвесно не мислиш на овие нус дејства...значи игнорирај ги додека ги користиш). Но ако навистина осетиш нешто не е в ред, веднаш обрати се кај психијатарот. Не е лошо да му го имаш и тел за контакт. Инаку она за 2 недели, за вакви состојби треба подолг период за да почне да се "стабилизира" умот и да делуваат апчињата како што треба. Како што ми беше објаснето на пример аклонилот (исто лек од психијатар за одредени состојби) му треба извесен период да почне да делува за што му е намената. Обично лекување со вакви лекови е малку подолготрајно. Е сега, овде има и доктори кои веројатно знаат повеќе за ова, но исто специјалистот ми има објаснето дека некои од лековите ствараат зависност и по извесен период резистентност кон одредени дози, а некои не. Меѓутоа, тоа остави му го на психијатарот...у ствари најдобро е кога си кај него, да го прашаш сево ова.
За разлика од нив, исто објаснето од специјалист, дијазепамите на пример делуваат краткотрајно и немаат лекувачки ефект па макар испил и петка дијазепам.
Така да, мој лаички совет (земам некои апови за аритмиите а поврзано со претходниот срцев удар па според тие нус дејства досега требаше да висам на лустер
), почни да ги земаш па ако осетиш мачнина (некои нели делувале на столицата, мачнини ово оно) или дополнително влошување, веднаш кај психијатарот. Само едно, не ги читај секогаш тие т.н. несакани дејства (дури ни за риностоп) посебно ако се работи за лекови од психијатар оти несакајќи ќе си врзеш во крпче дека ете токму тебе ти се дешава такво дејство
Прочитај само дали пред и по јадење, што ако пропуштиш доза или за алкохол (колку што знам ни капка не смее за голем дел од тие лекови) и евентуално при возење како делуваат. Очекувај и по контрола можеби ќе смени доза или ќе комбинира со друг лек, а ако дои како што треба, може да остане и на иста терапија.
Ова како лично искуство од пациенти и информации од специјалистите.
Само да ти доловам смешно или не, јас од амоксиклав црева истурам, а децана го пијат, па кога ми дадоа по операцја, мислев конците од шиење ги искинав
Поздрав и горе глава.