Нејќам да ве плашам, или нешто така но на вести кажаа дека ќе има доста афтершокови, и можно е и посилни земјотреси да има. Ќе не стресат доста оваа недела, а од следна веќе раат ќе бидеме.
Исто така гледав еден странец (мислам американец), и кажуваше дека плочата како се мрда оди нагоре кон јадранската обала, па тоа значи дека државите што се после Албанија на јадранската обала (Црна Гора, Босна, Хрватска, Словенија) ќе осетат доста земјотреси, бидејки земјата движи натаму.
Во случај на земјотрес
не бегајте, правите голем ризик со тоа. Гледам многу луѓе одма чим здрма трчаат кон излез. Па и онаа снимката кога беше земјотресот во 2016 - та оние во кафаната што се фрлија од прозор. Значи многу грешите, а и со тоа се ставате во ризик бидејки ако отидат скалите, ќе отидете и вие. Ако отидат тие под вас, и вие паѓате, а ако отидат тие над вас, исто ќе се сликате. Скалите немаат нивна арматура, и тие се поврзани со ѕидовите од двете страни. Нема стубови над, или под нив.
Ако се криете веќе кријте се под маса. Ако падне нешто прво што ќе падне е на масата а после може вас за ве згмечи, но најчесто масите ќе издржат за краток период пред да бидете потиснати. За тој краток период можете да пробате да се спасите, ако можете, или пак ако не, тогаш викајте за помош, ако во најлош случај сте потиснати.
Edit: Во право бев, имало и во Босна земјотрес.