ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не осетив, сега надвор коа искочив ме прашуваат "како земјотресот" јас се зачудив, сум спиел ко топ. Страшно било, срушени згради во 4 сабајле. Имало и затрупани, слушнав ќе сме праќале и ние екипа со термални дронови да бараат преживеани. Језиво.
 
Језив е притисокот што се ствара на прозорите, сабајле во сонот најсериозно прво помислив дека некој сака да ми влезе преку прозор, некој измешан вид на крцкање + лупање се слушаше на стаклото.
 
Кога сме веќе на темава земјотрес, онака чисто информативно расчепкав и дознав дека најсилен земјотрес некогаш регистриран бил во Чиле со магнитуда од 9.4-9.6 степени кој траел 10 минути o_O.
 
Jaс не бев уште заспан, не ми идеше сон. И таман некако почнав да заспивам, земјотресот.
Си реков умирам готово, срцево нешто не работи ко шо треба :D
И станувам одма, гледам татко ми станал запалил ламба, шо стана бе му велам (уште на будала се прам), глеј ја ламбана уште се ниша (ми вели), земјотрес имаше.
Ептен гадно чувство, онака ко растреперување на душата.
И еве сега со 2 сати спиење жмигам ко мајмун пред банана.
 
Порано земјотрес имавме еднаш на 3 години, што е ова сега, како зачестија, секоја година по неколку ги има. И овој 6.4 ич не е шега. Добро е само што се далеку од нас.
 
Јас немав осетено земјотрес сѐ до некаде кога наполнив 8-9 години. И потоа беа многу ретки, во последниве 3-4 години ептен зачестија. Необично.
 
цел ден потреси во албанија. Скоро на секој саат. Веројатно афтершокови.
Сите околу 3.5-4.

Ме зачуди оној од Босна како толку се осети. сепак подалеку е, а и доста помал интензитет. Пократко траеше од оној во 4 сабајле, ама сепак остави трага.

Вакви ствари те тераат да се запрашаш колку уствари градбиве се сигурни пред се во Скопје, особено поновите изградени пост 2010 година кои се наштанцаа ко лего коцки. Пошо реално мислам и на 10ти да живееш, тоа се плитки потреси за да се осетат толку многу, и веројатно има импакт и квалитетот на градба.

Би било добро некој градежен инжинер/геодет/архитект/геолог да даде некој исказ "од внатре", и да каже колку тие испитувања и студии се подложни на корупција и мачкање очи, или стварно критериумите се строги и дали и колку се исполнуваат истите.

Знам пред некое време имаше контроверзи околу Џевахир, но тоа можеби беа некои наметнати информации од конкуренти.
 
Со оглед на тоа дека се штанцаат згради за два месеци, не верувам дека се пази нешто многу на арматурата. Како од пластелин да се. Штом читам по интернетов дека се тресело деца кога трчаат, можам да замислам што има во конструкцијата...
 
Дали издржува земјотрес не е битно колку бетон има него конструкцијата на објектот каква е, затоа кога бил земјотресот во Скопје новите згради биле како недопрени а све старото се срушило како кула од карти.
 
Не ни сакам да размислувам на тема квалитет на изградба. Живеам во нова зграда, а комшијата до мене се слуша како рчи на спиење. 70-80% од новите згради од Куманово испукуваат внатрешно по 7-8 години од вселување.
 
Знам пред некое време имаше контроверзи околу Џевахир, но тоа можеби беа некои наметнати информации од конкуренти.
Работев под Џевахир у една фирма. Скоро цела година вршеа тестови за земјотрес, знам и ние доле им ги осеќавме вибрациите. Камо среќа сите да тестираа како нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom