Па нека земаат минималец и во администрација,пошти, македонија пат,нека ги изедначат пензиите. Како е можно пензионер поранешен удбаш да зема 35ооо пензија а некој шо ринта и во сабота да зема 200 евра?Па нека ги укинат и субвенциите за земјоделие.Како бе стално за доброто на сите се жртвува работникот во приватен сектор?Колку за подсетување најнизок минималец во Европа имаме ние, Молдавија и Украина.Мислам дека е јасно ко ден зошто овие држави се на дното.
Нека земаат, јас не сум против. Уште повеќе, во државен сектор би требало да има замрзнување на вработувања на неодредено, оти на една работна позиција работат по тројца во исто време. Би требало да се воведе мерит систем при вработувањето...меѓутоа научени сме како народ на популизам, политичарите 30 год. не купуваат со секундарни мерки кои што имаат краткорочно време на делување, т.е додека поминат изборите.
Најтрагично е што постојано се вергла дека имаме економисти и правници за извоз а баш најслаби сме во тие сектори. Мој заклучок е дека сме доста економски неписмена нација. Едноставно не сме способни да размислуваме каузалитетски т.е причинско последично. Тоа веројатно ни е наследено од ,,купи ден помини'' менталитетот. Сега има зголемување на минималец, супер! Прашање е кога ќе биде наредното. Со вакви економски политики изгледа дека ќе се изначекаме.
Невработеност сега во МК е најниска во последните 50 години. Секогаш имала МК висока стапка на невработеност но сега е таа најниска во пола век.
Бесплатно е образованитието но треба идеја и визија на секој човек да одлучи што и дали и како ќе учи. Ако се учат правилните вештини многу лесно се стигнува до вработување. Така да пишав кои се невработени да не се повторувам.
Невработеноста во Македонија е најниска, но парадоксално со падот на невработеноста паѓа и продуктивноста во доста сектори, што не треба да биде случај во такви околности.
Најниска е оти секоја година имаме се погломазен буџет наменет за расходи за плати и пензии. Еден куп луѓе се исповработија по јавната администрација и тој тренд евидентно никако да запре со секој нареден изборен циклус. Најниска е оти еден куп земјоделци во времето на Грујо кои што се бавеа со земјоделска дејност и истовремено се водеа како невработени, сега се пријавени како индивидуални земјоделци и како што реков, самите си плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување, т.е одеднаш добија статус на вработени.
Понатаму, се шпекулира дека во последниве 10 години скоро половина милион луѓе се иселиле од државата. Дел можеби биле вработени, голем дел се млади кои што се воделе како невработени во центрите за вработување, сега се иселени и не фигурираат во ниту една статистика за невработеноста во земјата. Недостатокот на работна сила создаде илузија дека се креирале нови работни места, при бидејќи притисокот врз нивото на невработеност со отселувањето се намали, па сега "газдите" се најдоа во позиција да молат за работници.
Практичен пример Полска пред ЕУ и после членството. Пред да влезат во ЕУ имаа нивоа на невработеност слични како нашите сега, откако влегоа настана масивен бран на иселување па невработеноста нагло се намали. Источниот регион на Р. Македонија е таков. И сега има највисоки стапки на невработеност, пропратени со најниски стапки на инвестиции, паралелно со огромен бран на иселување.
Заклучокот е дека нема креирање на нови работни места, нема бизнис клима, нема инвестиции. Не можат сите да бидат програмери, во една економија неопходно е да има и производствен сектор, т.е фабрики. Меѓутоа за тоа сега веќе е доцна, евидентно е и зошто.