Заштита на дизајн, индустриска сопственост и слично, дали и како?

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.505
Поени од реакции
3.353
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.ne0n1nja.deviantart.com
Поздрав до сите. Од неодамна имам ателје, работилница, или како и да го наречам, во кое рачно изработуваме уникатни часовници и огледала. Работите нормално ги изложуваме јавно на интернет, но пред неколку дена пријател ме предупреди дека може да се деси некој да ги украде дизајните, односно според сликите да си прави исти работи.

Па дали некој знае нешто повеќе на оваа тема, како и дали би можел да ги заштитам дизајните за да нема право никој да ги копира, колку тоа би коштало итн.. И дали за таква работа треба да бидам правен субјект (фирма) или може и како физичко лице?
 
Го имам прочитано овој текст кога пребарував ама не ми е јасно како се производите заштитени само со авторско право?
Што го спречува некој кинез на пример да го види нашиот производ и да почне да го штанца? Мислам дека ми треба нешто како патент на дизајн или слично... Пример ние го поседуваме тој дизајн и никој друг не смее да направи производ со таков дизајн.
 
Мислам дека секоја ваква агенција и таа за индустриска сопственост има база која се приложува во некаква меѓународна база. Пред многу години заштитував лого на фирма и беше прилично професионално. Бидејќи имав мој фонт и тој го заштитив дури и боите од логото прецизно беа дефинирани.
Кинез секако ќе штанца, пошто ќе направи некоја измена во буква или слично за да немаш право да го тужиш :)
 
Море маме им... :D
А дали памтиш отприлика колку те кошташе тоа за логото?
 
не е нешто скапо.. на повеќе години се колку што памтам.
 
... Пред многу години заштитував лого на фирма и беше прилично професионално. Бидејќи имав мој фонт и тој го заштитив дури и боите од логото прецизно беа дефинирани.
Кинез секако ќе штанца, пошто ќе направи некоја измена во буква или слично за да немаш право да го тужиш :)
Прв пат слушам дека некој сака да заштити рачно изработени работи...
... ако ти ги види од слика а нема мустра, тој што ќе ги праи и да сака не може точно да ги погоди мерките и пропорциите, башка и матерјалот...
б.т.в., гледав пред некој ден за мајсторот што рачно праи виолини, мислам Велес беше... 60,000 евра ЕДНА виолина :cool: ...
нема што да ги заштитува, ЛИЧНО од него купуваат...
 
Остај тоа виолини.. Тоа е инструмент, наука.. Ова се дизајни на обични предмети, не треба мустра, може од сликите да се украде дизајнот. Материјалот не е ништо посебно, а може и од друг материјал да се направи. Идејата односно дизајнот е битен. Пример јас правам часовник што изгледа така и така, некој ја краде идејата и си прави копија :)
 
и да се заштити, има клаузула 30%... кај часовник има внатрешен механизам, дизајнот, не е првостепена работа, едино да не мислиш на часовници кој се направени со ефтин батериски механизам и некој апликативен дел каде вртат казалките... но мислам не може да се заштити мотив, само конкретен цртеж со одредени пропорции ..
 
E да, на тоа мислам, ставаме механизми од оние за 100 денари, најобични. Нешто слично на ова е, не е само мотив.
 
Поздрав до сите. Од неодамна имам ателје, работилница, или како и да го наречам, во кое рачно изработуваме уникатни часовници и огледала. Работите нормално ги изложуваме јавно на интернет, но пред неколку дена пријател ме предупреди дека може да се деси некој да ги украде дизајните, односно според сликите да си прави исти работи.

Па дали некој знае нешто повеќе на оваа тема, како и дали би можел да ги заштитам дизајните за да нема право никој да ги копира, колку тоа би коштало итн.. И дали за таква работа треба да бидам правен субјект (фирма) или може и како физичко лице?

Она што треба да го сфатиш е дека ништо, ама баш ништо нема да спречи некого да го копира твојот дизајн, не па некој кинез ако така наумил.
И да земеш да го регистрираш, патентираш и што ти ја знам, тоа апсолутно не спречува никого да го копира твојот дизајн, туку само ти дава легална подршка ако сакаш да ги тужиш. Е сега ти треба реално да си ја согледаш ситуацијата дали би можел(те дали ти се исплати) да тужиш и да се маткаш по судови тука или пак во кина.
 
Па да, ништо не може физички да го спречи, ама нема да има право да ги копира, како што кажа ти колку-толку легално си заштитен. Па ако ти го оштетува бизнисот после бар да можеш да реагираш.
 
Пак ќе ти повторам, ништо не го спречува, можеби легално нема да има право, ама тоа нема да го спречи, ниту полиција ќе дојде да му каже да престане ако ти не поднесеш тужба и победиш на суд. До тогаш он може да те копира колку му душа сака.
 
Можеш да го заштитиш дизајнот во биро за индустриска сопственост или како и да се викаше тоа... Се што е физичко може да се заштити. Поголем проблем се јавува кај апликациите за телефон и слично кога нема физички производ, тука нема заштита.

Е сеа, зборот ми е што секогаш ќе те копираат. Дури и самсунг со ајфон се копираат хаха. Твоја работа е да бидеш чекор понапред со тоа што ти си првиот што тоа си го создал. Доколку некој кинез те претекне и оствари подобра продажба тогаш помисли зошто ти не си направил подобра продажба пред него можеби? :D Поздрав и со среќа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom