Здраво, купив стан 79 квадрати во Скопје кој што сакам да го загревам со инвертери. Станот е на први кат од 4 ката и има термоизолација со стиропор 8 см во надворешните ѕидови изведени од ПОРОТЕРМ БЛОК со деб.= 20 см и двореден д = 2 см стиропор во подовите. Ѕидаријата е со полна или шуплива тула во продолжен малтер, со дебелини соодветни според местото на ѕидот ( преграден ѕид д = 12 см, преграден ѕид = 20 см) , фасадните ѕидови се со демит фасада д = 20 см.Прозорците и балконските врати се од термоизолирани ПВЦ профили застаклени со термопан стакло со 6 комори. Станот има 3 надворешни ѕидови. Над мене и под мене на приземје се грее. Со станот ми следуваше
Gree Inverter 3.5 KW GWH12QB-K6DNB8I/O поставен на позицијата означена со црвено. Тој инвертер во план ми е да го префрлам во спалната соба, а на неговата позиција да поставам да поставам
Daikin Sensira FTXF-60A/RXF60А или
U - Crown GWH18UC, со кој примарно би ги загревал дневната кујната ходникот и вецињата (околу 46 квадрати). Детските соби засега не ми се во план за греење но доколку се најде решение и за нив, уште подобро... Буџетот ми е до 70 000. Ве молам за совети дали е соодветна позицијата на климата во дневната (под неа ќе биде гарнитурата за седење)како и помош за конечна одлука помеѓу Daikin или Gree