Здраво на сите. На форумов сум нов. Деновиве сум во потрага за нова клима, па би ми дошла добра помош. Имам дневна соба + кујна одвоени се со една врата (50м2) со супер изолација и нови рехау прозори и дневната и кујната имаат по 2 внатрешни и 2 надворешни ѕида. На мислење сум за 5.5kw па ми треба предлог за клима. Буџет со се монтажа ми е 62.000 денари. Исто така потребна ми е уште една клима за соба 20м2 и ходник 7 квадрати со иста изолација како дневната соба ( + ходникот е внатрешен) и се мислам за 3.5kw, тука буџетот ми е околу 25.000 денари.До сега од бреднове ги гледав Toshiba, Gree, Carrier, Haier и Daikinод салоните Gree i Energija i Daikin во City Mall. Секоја информација и секоја помош е добредојдена.