Брејнсторминг: Како би се справиле ВИЕ со загадувањето во Македонија?

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Плаќање на сметките за струја,на сите домаќинства,за време на грејната сезона. Цела држава ни функционира со субвенции,па би го пробал и ова што го предложив:)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
За жал едино испробано решение со речиси 100% ефективност е иселување од државата.
Веќе 2-3 децении како се прават акциски планови, еко програми, тинк-тенкови и слични срања, а од година на година е се позагадено, особено во Скопје. Треба да се помириме со фактот дека проблемот нема да се реши, барем не во рамки на нашиот животен век.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
1. Замена на греењето со дрвја.
Греењето со дрвја е дупла штета, од една страна чадот содржи штетни материи, а од друга страна, тоа се исечени дрвја од нашите планини, лани официјално се исечени 801.000 м3 дрвја, а бидејќи има и нелегално сечење, можете да замислите колку дрвја се сечат во Македонија.

2. Да се прегледат сите возила за емисија на гасови, има многу возила што се со исклучени или расипани филтри и делови, па чадат како термоелектрани. Во 2015-та, речиси 80% од регистрираните автомобили беа постари од 10 години, и како секоја година се постари и постари возила, во 2004 беа 65% од автомобилите постари од 10 години, значи за 15% е зголемен бројот на над 10-годишни автомобили.
Во 2011 беа 215.000 бензинци наспроти 85.000 дизелаши, додека во 2015та беа 209.000 бензинци наспроти 163.000 дизелаши, веројатно сега во 2019та има повеќе дизелаши.

3. Преглед на сите занатчиски работилници, мислам дека таму горат све што е најштетно (пластика, гума, улје ...)

4. Асвалтирање и чистење на улиците, за да ви биде јасно што значи земјен пат, оставете го чистиот автомобил покрај таков пат, и ќе видите што ќе биде. Затоа треба асвалтирање и редовно чистење на патиштата. Од еден неасвалтиран пат, прашината се шири насекаде, а дождот од такви патишта ја носи калта во асвалтираните, за потоа и тие да бидат извор на прашина.

5. Садење на дрвја , мислам дека во многу населби сеуште имаме многу сивило, се исекоа многу дрвја, а нови не се садат.

6. Евтин јавен превоз за сите поголеми населби
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.496
- Ти си на чело на партијата која е на власт. Премиер. Имаш голема поддршка.
- Под твој контрола се сите институции. Можеш да менуваш закони. Претседателот е со тебе.

1) Кои конкретни мерки ќе ги преземеш?
2) За колку време со овие мерки би почнале да чистеме чист воздух?
Да сум премиерот:
1. Ќе го запалам секој што пали оган.
2. На почеток ќе биде позагадено, после некое време ќе се исчисти.

Уфф, од кај да почнам...
Прво ни треба асална електро-енергетска инфраструктура и одржливи, ефикасни извори, на пример соларни и нуклеарни централи, заедно со хидро централите што веќе ги имаме.
Потоа ни треба непостоење на електро-енергетски монопол.
Струја за сите.
Понатаму ни треба ширење на градовите во хоризонтала, не во вертикала.
Значи, не смее да гради кој кај сака.

И како што реков - тогаш, се што чади, да не чади, суровите горива да се избегнат, депониите не во населени места и со соодветна опрема.
Возила - електрични. Велосипеди.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.114
Поени од реакции
23.587
Бензинец со EURO 6d стандард ми е колата.
Znaci ti si pecen za plakjanje na danok na luksuz. So parite dobieni na ovoj nacin da im se subvencionira vozniot pak na poneimotnite gragjani. Win win situacija. I ti ke disis pocist vozduh i drugite ke si kupat ponovi vozila i bonus nikoj nema da plakja kazni osven ti ako probas da zatais danok.
Автоматски споено мислење:

Епа или ќе мрзнат кај нив дома, или нека се тргнат од градот. Во краен случај нека завршат во затвор. Со нивното загадување заболуваат и убиваат десетици илјади луѓе, барем оправдано ќе лежат во затвор.
A ne e popametno ti da si se otselis vo nekoe planinsko mesto kade vozduhot e kako na alpite. Podobro da se isselat nekolku poimotni gragjani otkolku da se isselat iljadnici oti na ovie nekolku im precelo nesto. Baska ete i za danokot sto ke vi se naplakja prethodno ti spomnav i site srekni i veseli.
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Znaci ti si pecen za plakjanje na danok na luksuz. So parite dobieni na ovoj nacin da im se subvencionira vozniot pak na poneimotnite gragjani. Win win situacija. I ti ke disis pocist vozduh i drugite ke si kupat ponovi vozila i bonus nikoj nema da plakja kazni osven ti ako probas da zatais danok.

A ne e popametno ti da si se otselis vo nekoe planinsko mesto kade vozduhot e kako na alpite. Podobro da se isselat nekolku poimotni gragjani otkolku da se isselat iljadnici oti na ovie nekolku im precelo nesto. Baska ete i za danokot sto ke vi se naplakja prethodno ti spomnav i site srekni i veseli.
Максимум ФИРОМ ти е одговоров. Ај бркај работа...
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
- Ти си на чело на партијата која е на власт. Премиер. Имаш голема поддршка.
- Под твој контрола се сите институции. Можеш да менуваш закони. Претседателот е со тебе.

1) Кои конкретни мерки ќе ги преземеш?
2) За колку време со овие мерки би почнале да чистеме чист воздух?
  1. Забрана за греење на дрва во населбите во градските централни подрачја која ќе стапи на сила веднаш а ќе се компезира со субвенции за секое семејство за друг тип на греење (инвертер на пр.);
  2. Казни за големите загадувачи се добри но во таков свет живееме каде неможеш да ги казниш бидејќи се значаен економски и социјален фактор. Затоа, преку намалени даноци или друг тип на привилегии за самите фабрики/погони, да ги присилиш со инсталација на нови филтер системи како и апгрејт на нови стандарди кои доликуваат на 21 век;
  3. Консултација со еколози и биолози: Инсталација на систем со алги на најголемите булевари во градот (и најзагадените, како Лисиче на пр.). Евтина варијанта а корисна - природен филтер.
  4. Радикални промени околу начинот на палење огани или отпади. Казните сигурно ќе бидат ефективни, но народов кај нема пари па уште да ги натовариш со казни. Али ако едноставно не разбираат, не гледам друг избор. Затвор едино, едно 30 дена па може ке им дојде памет.
Нема во една зима да се смени се, но ако се применуваат овие работи, верувам дека во рок од 2 до 3 години ќе има огромна промена.
 
Член од
13 октомври 2019
Мислења
21
Поени од реакции
23
СКОПЈЕ НЕМА ВЕТЕР!
Нема ни да има, географските услови се такви да што и да се превземаат мерки пак ќе биде екстремно загадено.
Приметете само кога малку ќе дувне ветер одма се чисти воздухот.
Едино решение би било да се срамнат сите планини во околината, што е секако невозможно. Така што кој нејќе да се труе најдобро нешто му е да се исели.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.877
Поени од реакции
23.448

Кој нејќе да се труе да се исели? :eek:
Во штаб ли ви ги кажуваат овие муабети бе?
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
235
Поени од реакции
246
Шилегов ко Шилегов, булазни. Го прави тоа на еден симпатичен начин, но во основа булазни, опкружен со советници од видот како мали џокица замишља. Трамвај е прво: транспортно средство кое е многу покомплицирано и пред се мноогу поскапо од тоа што можеме како пари да си го дозволиме. Дури и новото кинеско решение на композиција на пнеуматици и на батериски погон не го решава, вториот, главниот проблем: соодветна густина на возниот ред и доволно патници за да се покријат трошоците на било каков трамвај. Барем без огромни дотации кој се помалку има од каде да се ископаат. Сумата која се спомнува е смешна и ако се тоа парите кои се планираат , тогаш се планира уште една пљачка , овојпат не Велика пљачка Воза , туку Трамваја. Претварањето на центарот на градот во пешачка зона го направија многу градови во Европа и Свет , ама не со забрана на сообраќајот туку со негово спуштање под земја , што е можно , но исто можат да си го допуштат само богати градови.
Кај нас не може да се реши дивото и питомото стварање и палење на депонии ( минимум 50% од загадувањето на воздухот , не може да се исчисти и измие градот( таа микро прашина е гарант 20% од загадувањето), бизнис-комерцијалното палење на се и сешто за скапа пара, а без никаков филтер заштита или контрола ( никој не може да ме убеди дека во 3 саат сабајле во Ново Лисиче од каршија преку Вардар доаѓа смрдеа на пластика и хлорни соединенија сама од себе редовно како јапонски воз. Трето издувните гасови од безоловниот бензин , се 1000 пати поканцерогени од оловото , ако не се фатени во катализатор.А кај нас 80% од возилата немаат катализатор или им е дефектен.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.114
Поени од реакции
23.587
Максимум ФИРОМ ти е одговоров. Ај бркај работа...
Abe kako vikat 100 stapa po tugj grb ic ne bolat ama cim te cepnat po djepceto odma so placenje i ligaenje pocna. Mockoto ke selel i ke odzemval, ke kaznuval. Od vakvi kako tebe iskreno milo mi e koga nekoj vo komsii gumi ke ti zapali ili vo kafic ti duva u faca.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Кој нејќе да се труе да се исели? :eek:
Во штаб ли ви ги кажуваат овие муабети бе?
Сите предложени решенија низ темава се применливи на подолг рок и само би го намалиле загадувањето за одреден процент (за 10 години од сега макс 50%) што кога ќе видиш пак е како прво во портокалова или црвена зона на загадување плус долго време од животот да се изгуби со надеж дека во арамискава држава ќе функционираат некакви реформи. Само иселување останува рационално и разумно решение.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Дали некој се сеќава дека за авионот што прска за комарци имаше организирано свечено испраќање на аеродромот во Стенковец.Дај вратете се у реалниот свет
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.274
Многу закони или се кршат или не се применуваат. Штетата е направена, како ќе се санира, тешко на тој што ќе има власт за справување со чадов.
Прво, се гради делумно со изолација во зградите, само надворешна, не и внатрешна на надворешните ѕидови. Второ, најголем дел новите згради барем овде, иако топлификација минува крај нив, немаат инсталации за централно или општинско греење. Трето, има само неколкумина оџачари за цело Скопје и никаква инспекција на издувот на оџаците...затоа што има само неколкумина инспектори. Петто, наместо да поефтини јавниот превоз, а за приватни возила да поскапи горивото, се направи обратно, превозот за 1 возење е 50 денари. Шесто, при градење на згради или нема или не се почитува (ако има) правилник за садење одреден број дрвја и зеленило околу зграда. Седмо, имаме многу мал % зеленило по жител, меѓу најмалите во Европа ако не се лажам.
Мерки?
Да се рушат згради не може, но може новите згради да се градат на периферија, со комплетни изолации, со комплетна централна грејна структура и обврзно зеленило како сооднос на големината на зградата. Старите, без централно, може градот да учествува да ги обезбеди со инсталации, барем каде што минуваат подземно инсталациите.
Да се зголеми бројот на оџачари, белешка за годишно чистење и инспекција на оџаците како и горивото кое се користи (дрва, какви). Нафта, ќумур и слични горива би требало да се забранат за употреба. Сево ова покриено со документ/дозвола за користење на грејното тело, како декларација за А или Б дозвола.
Да се забранат возила целосно, не е можно. Јавниот превоз ако би се намалил на симболични 5-10 денари, евентуално во позагадени денови возење пар непар и најударните 3 месеци бесплатен јсп.
Беспоговорно стопирање на градење најмалку во градските населби и каде е можно садење или обнова на зеленилото. Исто така следење на правецот на ветрови и нивниот интензитет.
Гасификација или централно парно на сите (а ги има доста) институции кои се греат на мазут. Исто проширување на мрежа на централно греење.
И секако, оној предлог арм и мвр во патрола на палачите и слични загадувачи (гуми, мебел, пластика...).
Можи е утопија ама па малку и јас да фантазирам :)
 
За двеста гласа на избори онде кај канал 5 имаш циганско маало каде не постои никаков закон.Борби со кучиња,измачување на животни,злоставување деца,колење коњи на сред улица за месото да го продаваат како храна за кучиња.Пискотници,врискотници вистинска кланица.Таму меѓудругото се продава сечена гума за огрев,е така е напишано со спреј на зидот на една "куќа"
За двеста гласа ке дишиме гума цела зима
 
Kajgana Shop

На врв Bottom