Пред некое време го читав проспектот за обврзницата на Уни.
Таму пишува, доколку банката реши да не исплати камата немаш никакво право, ниту пак се акумулира за наредната исплата. Исто доколку дојде до намалување на адекватноста на капиталот на банката (читај Заглави), обврзницата може да изгуби од својата вредност (депозитите осигурани до 30.000евра)
Исто голем проблем е што не можеш лесно да ја претвориш во пари како што се депозитите. Ете во дневните извештаи гледам се нуди од Уни на 106%, ама никој не ја купува иако ќе добиеш 4 ипол години по 9% камата. Што значи ќе добиеш годишно околу 8% камата.