Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Охридска конечно преземена од Шпаркасе. Зошто не се тргува со акциите на ШК
„Сè до целосното спојување кое е планирано за 2021 година, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија АД Скопје ќе продолжат да дејствуваат како посебни правни ентитети, иако и двете банки ќе бидат дел од Шпаркасе групацијата.“
 
Целокупниот банкарски сектор во РСМ во текот на првите 9 месеци од 2019 има раст на депозити за 5,1796% и раст на кредити од 2,1364%, од нив котираните банки кои веќе објавија извештаи ги имаат следниве промени:

ДепозитиКредити
КМБ+3,75%+3,59%
ТНБ+3,57%-0,64%
СТБ+6,03%+1,31%
ТТК+4,00%+4,98%
ОХБ+0,14%-0,45%
 
Петре Шилегов кој, како што дознава порталот Вечер, за потреби на градот Скопје од Комерцијална Банка ја купува деловната зграда на Технометал Вардар, сместена на улица Македонија, во центар.

Ако е точно, Комерцијална ќе наплати убави приходи
 
Гледам се разбирате во инвестирање,банкарство,берзанско работење и слично па ме интересира следново,еве јас ќе наследам околу 40 иљади евра пари од родителите па ме интересира што да правам со нив? Дали да ги дадам на брокер да тргува со нив на берза,да вложам дел од тие пари во некој инвестициски фонд или најлесното,да ги оставам во банката и да земам некоја мизерна камата? Некој совет добро би ми дошол
 
Вложи ги у бизнис у којшто ти лично се разбираш и ќе можеш да ги оплодуваш под своја лична контрола. Доколку не постои такви нешто, подели ги у две банки и земај каква било камата секој ден заблагодарувајќи му се на Бога што си имал толкава среќа од небо да ти паднат толку пари.
 
Мислам дека му е подобро во недвижност да ги стави парите.
 
Гледам се разбирате во инвестирање,банкарство,берзанско работење и слично па ме интересира следново,еве јас ќе наследам околу 40 иљади евра пари од родителите па ме интересира што да правам со нив? Дали да ги дадам на брокер да тргува со нив на берза,да вложам дел од тие пари во некој инвестициски фонд или најлесното,да ги оставам во банката и да земам некоја мизерна камата? Некој совет добро би ми дошол
Вложи ги дел во акции дел во инвестициски фонд за да го дисперзираш ризикот. Ако вложуваш во акции моја препорака е да купуваш само во ликвидни акции. Инаку брокерот не тргува со твоите пари, само извршува твои налози за купопродажба на берзата.
 
Мислам дека му е подобро во недвижност да ги стави парите.
Па тоа беше вклучено под бизнис у којшто се разбира. Може да купи недвижност што ќе држи цена или ќе и' расте цената, на место кајшто цело време ќе му биде издадена, со можност квалитетно и евтино да ја одржува, и со правна и финансиска поткованост за рентање без сносење на ризици од штети и казни.
 
40К и не е некоја сума за недвижности.
 
Подели ги 40к барем во 3 позиции, ја би играл Кбм, Грнт и Мпт ама ти не мораш, сам одлучи си
 
После одлучен извештај КМБ имаше минорен раст, а сега врз основа на шпекулација и што знам можеби пак еуфорија за ЕУ отиде нагоре.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom