Едно прашање за сите присутни на форумот!
- Дали според вас подобро е да се инвестира сега на берза или после изборите? (или кога е најдобар период за инвестиција во овај бурен период
Секој одговор каков и да е или анализа е добродојдена. Благодарам!
Како некој што преферира фундаментален начин на инвестирање, ќе ти препорачам да не бркаш тајминзи за купување или продавање. Најди компанија што ти се допаѓа без да и ја гледаш цената по која се нуди. Гледај ја заработката по акција, гледај колку е конзистентна во изминатите години, гледај дали дава дивиденда, дали врши откуп на своите акции, дали има менаџерски тим што се грижи за компанијата и за акционерите или за својот џеб. Според тие податоци ќе можеш да претпоставиш отприлика колку посто годишно таа акција ќе расте. Кажи си на себе колкав процент сакаш годишен поврат и според податоците што ги имаш собрано од финансиските извештаи ќе успееш да дадеш твоја понуда, под која цена ти би купил акции од таа компанија. Твојата бројка споредија со цените под кои таа акција се нуди и ќе видиш дали таа акција е ефтина или скапа. Не заборавај дека инвестирањето во акции е долготрајна работа и бара истрајност.
Моја претпоставка е дека после изборите, цените на акциите ќе паднат без разлика на резултатите од изборите. Тој пад ќе трае еден до пет дена максимум и после повторно акциите ќе тргнат нагоре. Но, со оглед на тоа дека во тој период искачаат годишните извештаи за 2019, голема е веројатноста тој пад да не ги фати компаниите што работеле добро цела година.
Мој совет, не брзај да купиш, не брзај да продадеш. Најпрво инвестирај во сопственото финансиско знаење, после тоа полесно ќе можеш да донесеш вистинска одлука за која нема да се покаеш.