Ај искоментирај за сите ако имаш време и кажи според тебе кој играчи би легнале на тимов ко 1 на 10, во моменталнава финансиска ситуација и јас би ги сакал Дориев и Стоилов али то знеме дека е тешко остварливо.
Муабетов ми е поарно некој млад кој имат потенцијал и за кого има надеж дека ке се развијат во подобра верзија да добива минутажа, отколку Попзлатанов, па дури и разочарувањето Колевски..џабе сета брзина и орање по терен на Јовче ко фудбалски имат дефицит во многу елементи.
Од тие што ги наброи најверојатно само 0тој Тошевски е некој квалитет, сигурно не за џабе се крена галама околу него.
Од ПМФЛ, играчи кои би имале придонес у први 11 според мене се:
Штоперов од Пандевци тој Маслац. Тоа би била страшна одбрана со Новак и некој од Младеновски/Серафимов.
Левиот бек Маневски, исто од Пандев. Игра доста офанзивно, со што Жуниор тогаш би идел на крило.
Дориев нормално, игра толку рутинирано ко да му е 13та сезона у лигава, мада мое мислење е дека нема шанса да мрдне од таму исто како Маневски.
Јурина од Слога, само после ваква сезона, Челик сигурно ќе го врати од позајмица.
И поизводливи трансфери и приоритет мора да е Серџино од Слога, ко 1 на 10 ќе дојде.
Робсон од Ѓорче, мада не знам покрај Мицевски и Најдовски каде би се вметнал.
Жуниор од Шкендија, колку што знам не е задоволен таму, а договорот му истекува наредно лето.
И Бенџамир Демир од Ѓорче.
Барем 2ца од горенаведените да дојдат летоска, Вардар и те како ќе добие на квалитет.
За други не ми иде на памет дека би внеле некој посебен квалитет у тимов, а да се од лигава.