Еве груба математика да земеме.
24/7 да дува со максимална снага ќе троши 1киловат на час.
24 киловати по 4 денари да е средна цена на струја дневно 96 денари
Месечно 2880 денари може најскапата варијанта да кошта.имаш модулации имаш постигнување температура имаш паметни програми и тој 1кв на саат ти го прават 300 400 500 вати.значи ќе ти потроши 1000-1500 денари.во сезона 100 евра.
Друже греење на дрва е греење до 19век при што мислам дека во следниве 5 години ќе биде забрането кај нас.
Види,не дека не се согласувам со тебе,ама... (и ова големо
ама)
Во општество каде на помалку од 1000 метри од мене има фабрика што гори пелети,и тоа илјадници тони годишно,и тоа од најшкрт суровинска база(сончоглед),со најниска ефикасност што убаво се гледа по црниот чад,и сето тоа регуларно врз цел град како напад со хемиско оружје!
Кога на пет километри имаш уште една фабрика што гори (автомобилски) гуми,ама исечкани за да бидат регуларни пред закон...
Кога секоја втора кола на улица ти е 20 години стар дизелаш,а стотици илјади се! Камиони,автобуси...ич муабет да не правам.
Некако теоријава за тоа дека греењето на дрва било многу 19-ти век ми е смешна со голема доза на црн хумор.
П.С.прашај ги и битолчани што ти ја произведуваат струјата за тој “еколошки инвертер”,како сето тоа убаво изгледа.