Слушај фими јас сум бил во Бугарија, немој да ми продаваш мадина за бубрези, има и сега голем дел што се кажуваат македонци.
Сетне, јас не зборувам за тоа, туку што е тоа што ги тера бугарскиве политичари да ги прават овие глупости во нашиов двор, кога бугарската нација ви колабира во вашиот.
Мислите дека нешто ќе постигните со ова силување?
Не бе батка, само го јакнете македонскиот национализам и воедно ја засилувате антибугарската омраза во Македонија.
Мислам спорот со Грција беше глуп, ама овај со вас е најглуп од сите, затоа што и да потпишиме сега, во иднина кога и ако влезиме во ЕУ, ако постои дотогаш ЕУ, ништо нема да ги спречи македонски европратеници да потегнуваат прашања за состојбата на Македонците во Бугарија.
А пак историјата е пиши бриши, што и да смениме сега, може идна власт да го промени.
Но, омразата кон Бугарија ќе остане и наместо да стануваме се повеќе и повеќе братски народи, бугарскиве политичари немерно ја туркаат Македонија во друг правец.