Се надевам дека ќе биде мозок како Али Ахмети и дека ќе ја еби судбината на Косово со ефтин национализам.
Ефтин национализам е столбот на неговата политичка кариера. Кај Албанците нема друг начин политички да успееш.
Секако не е како Али Ахмети.
Во текот на целата кампања се држеше за економија и правна држава како две главни заложби.
Зголемување на индустриското производство и пораст на вработеноста, запирање на иселувањето, зголемување на платите итн.
Реципроцитет со Србија.
Не се согласува со поделба на Косово нити со некоја република српска од типот на таа во БиХ.
Дијалогот сака да го почне првин со србите на Косово, а потоа со Београд.
Сака да има добри односи со сите соседи, вклучувајќи и Македонија, мислам дека рече дека има добри односи со Заев. (и Самоопределување се левица)
Рече дека итно треба да се договорат со Македонија да се изгради патот Призрен-Тетово, со тунел од 5км (по 2,5км од двете страни), исто така со Црна Гора патот Дечан-Плав.
Со Албанија патот Ѓакова-Скадар и железницата Митровица-Валона.
Вели дека тој ќе го води дијалогот со Србија, но дека за тоа ќе треба сите партии да се обединети. Вели дека прво што ќе направи ќе му однесе документ на Србија во кој ќе се наведат сите долгови што ги има Србија кон Косово.
Мислам дека нема да му биде приоритет дијалогот со Србија, бидејќи има речено дека тоа му е трет приоритет во листата на приоритети. Порано знаеше да вели за поранешните влади дека му го отвараат патот на Србија за зачленување во ЕУ а велеше дека Србија не смее да влезе во ЕУ пред Албанија, и дека Косово треба да помогне тоа да не се случи. Така да логички, тоа најлесно се прави ако не се изнаоѓа решение за Косово, односно ако Србија не се откаже од Косово, а клучните ЕУ држави веќе имаат најавено дека Србија не може во ЕУ со устав во кој Косово е дел од Србија.
Албин Курти вели дека подобрувањето на животот на граѓаните не е поврзано со дијалогот со Србија и дека тој ќе се фокусира на економијата и правната држава.
Во секој случај Самоопределување не ќе може да состави влада сама, имаат веројатно 32 пратенички мандати, а им требаат 61.
Партијата ДСК на покојниот Ибрахим Ругова, ќе има 30 мандати и веќе се сложени да бидат дел од владата на Албин Курти.
Курти вели дека нема да ги земе во влада србите од Српската листа, кои се директно под контрола на Београд, а тие имаат 10 пратенички места, а другите српски партии не успееја да добијат ниедно пратеничко место.
Веројатно 10-те пратеници на останатите помали заедници ќе ја подржат владата, со што би имале сигурно мнозинство.
Не знам како ќе испадне, но фактот што зависи од друга партија, веројатно ќе влијае и на неговото однесување.
ДСК се склони на влијание на амбасадорите, што досега не важеше за Самоопределување.