Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Ќе можеш сам да возиш одма од кога ќе ја земеш возачката, ама до 10 вечер наредни 2 години :)

Или ако сакаш после 10 вечер, мислам дека треба да има некој во колата што има минимум 3 години возачка дозвола, некоја таква финта имаше.
некој со 2 години возачко искуство...
и он после тие две години би бил со возачко искуство
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Ќе можеш сам да возиш одма од кога ќе ја земеш возачката, ама до 10 вечер наредни 2 години :)

Или ако сакаш после 10 вечер, мислам дека треба да има некој во колата што има минимум 3 години возачка дозвола, некоја таква финта имаше.
Девојками ќе ме вози после 10 :D ја итака ќе бидам напраен г'з до 10 саат:vozbud:

Корекција 11 вечер :) (Јухууу)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Некој од "вештите" таксисти пред Фонтана (Градски парк) ми ја закачил колата на вртење, има вдлабнатина и изгребано е десното крило. Таму има камери ставено, од полиција викаат дека не може да достават снимка, а записник може да се направи само со "непознат сторител". Дали каското покрива штета од непознат сторител? На гребаницата се гледа бела боја од другата кола, така што претпоставувам дека е од оние таксистите од Лотус или другата таква компанија, неколку пати имам гледано како гребат/буткаат други коли, ама не можам да докажам дека е некој од нив (не верувам CSI да се активира за да докаже состав на боја на мојата кола, иако тоа баш би било кул :) ). Што може да направам во случајов (освен да си плукнам сама пари да си ја поправам штетата)?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Немаш многу избор заради тоа што не смееш да возиш кола над 100КС првите две години.

Honda Civic 1.4 (мал мотор а сепак брзо количе)
Citroen Saxo VTS 1.4
Peugeot 206
Opel Astra coupe....
Ако мора да е до 100КС во оглед може да ја земе и Опел Тиграта.

Инаку за тие парина јас би одел на Fiat Coupe (мин 130КС) или Alfa Spider (мин 144КС) ако е работата за спортски дизајн.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Тоа со коњските сили поглуп закон неможеа да донесат :) Што ги вртам.. ја си збирам пари уште од сега за 2 год да си земам BMW E46ка..
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Некој од "вештите" таксисти пред Фонтана (Градски парк) ми ја закачил колата на вртење, има вдлабнатина и изгребано е десното крило. Таму има камери ставено, од полиција викаат дека не може да достават снимка, а записник може да се направи само со "непознат сторител". Дали каското покрива штета од непознат сторител? На гребаницата се гледа бела боја од другата кола, така што претпоставувам дека е од оние таксистите од Лотус или другата таква компанија, неколку пати имам гледано како гребат/буткаат други коли, ама не можам да докажам дека е некој од нив (не верувам CSI да се активира за да докаже состав на боја на мојата кола, иако тоа баш би било кул :) ). Што може да направам во случајов (освен да си плукнам сама пари да си ја поправам штетата)?
Покрива каското само провери си со колкава франшиза ти е..
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718

покрива каското... покрива од непознат сторител... провери колкава ти е франшизата, т.е. лимитот на минимална штета...
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Покрива каското само провери си со колкава франшиза ти е..
покрива каското... покрива од непознат сторител... провери колкава ти е франшизата, т.е. лимитот на минимална штета...
300 евра. Поправањето најмногу 100 ќе ме фати, не е голема штета. Ќе ми остане некој кармички должен изгледа :toe:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
300 евра. Поправањето најмногу 100 ќе ме фати, не е голема штета. Ќе ми остане некој кармички должен изгледа :toe:
Не се сеќирај...ќе ти ја пишат поправката 300 евра. И волкот сит и овците на број :))
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
300 евра. Поправањето најмногу 100 ќе ме фати, не е голема штета. Ќе ми остане некој кармички должен изгледа :toe:
Ништо тогаш, единствено преку полиција да го најдете.. Не е голема штета 100 евра :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не се сеќирај...ќе ти ја пишат поправката 300 евра. И волкот сит и овците на број :))
Братче, знајш шо значи франшиза 300 евра?

Кратко објаснување за сите што се во заблуда. Франшиза од 300 евра значи дека каското покрива штети над 300 евра. Ако имаш штета од 400 евра, каското ти покрива 100 евра, 300 си ги плаќаш од џеб. Ако имаш штета од 10.000 евра, каското ти покрива 9700, пак 300 си плаќаш од џеб.

Според оваа математика, треба да ти пишат штета од 500 евра, за каското да ти плати 200, а тоа е невозможно, бидејќи секоја (посериозна) компанија има проценител кој доаѓа и на лице место ја проценува штетата. За 50-100 евра, можеби ќе замижи, ама за обична гребаница 500 евра, малце морген. Умре социјализмот во минатиот век.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ништо тогаш, единствено преку полиција да го најдете.. Не е голема штета 100 евра :)
Знам, знам, ама нема како, другите таксисти што биле таму се правеа ништо дека не знаат, камери има, ама снимка не сакаат да дадат, затоа си реков кармички должен некој ќе ми остане :toe:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Братче, знајш шо значи франшиза 300 евра?

Кратко објаснување за сите што се во заблуда. Франшиза од 300 евра значи дека каското покрива штети над 300 евра. Ако имаш штета од 400 евра, каското ти покрива 100 евра, 300 си ги плаќаш од џеб. Ако имаш штета од 10.000 евра, каското ти покрива 9700, пак 300 си плаќаш од џеб.

Според оваа математика, треба да ти пишат штета од 500 евра, за каското да ти плати 200, а тоа е невозможно, бидејќи секоја (посериозна) компанија има проценител кој доаѓа и на лице место ја проценува штетата. За 50-100 евра, можеби ќе замижи, ама за обична гребаница 500 евра, малце морген. Умре социјализмот во минатиот век.
Пред некое време (можда има година дена :P :D ) брачед ми ја однесе ганц новата Фиеста на поправка кај Тонтата за свиткана врата (некој го собрал на паркинг). Колата Каско осигурана (не знам која варијанта) за 500 евра. Тонтата ја проценил реално штетата на 100 евра, но ја пишал 500 на факутра :D

Еrgo...

За штета од 100 евра си наплатил каско 500 од осигурителната компанија.

Е сега, што како...врска неам.
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
507
Поени од реакции
288
Ми треба мислење за VW Polo, сакам да земам 98-2000 годиште. Некој совет, предлог, како се за одржавање, поправки, дали се наоѓаат делови итн. Колку реално чинат?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ми треба мислење за VW Polo, сакам да земам 98-2000 годиште. Некој совет, предлог, како се за одржавање, поправки, дали се наоѓаат делови итн. Колку реално чинат?
До 1999 ти е еден модел (VW Polo 6n) од 2000 ти е ресталингот (VW Polo 6n2) кој што е доста поубав посебно внатре и има добиено многу награди како најдобар автомобил во неговата класа во тоа време.

Јас го имам првиот модел од 1997 и можам да кажам дека од тој модел највеќе ти се исплати да бараш 1,4 бензинец или 1,9 дизел (без турбина е). Тие два мотори се покажаа како најизржливи и често знаат со добро одржување да минат 500 000км без ремонт. Инаку колата е лесна за возење, управувањето е прецизно, педалите се меки а командите при раце. Завршната обработка е на завидно ниво споредено со колите од тоа време, никаде не се гледаат споеви, штрафови и сл. Подвозјето е доста робусно па без проблем ги трпи нашите патишта и каросеријата е поцинкувана па и еве после 14 години нема покажано никаде потреба од интервенција.

Од слаби точки кај 1,4 ќе ја наведам водената пумпа така ако некогаш почне да качува температура прво провери ја водената пумпа, а во втор план термостатот, хладњакот. Исто така рачката на менувачот е врзана со менувачот преку сајли наместо преку лост и може да се случи да пукнат, кај мене 2 пати се менувани... Тоа се единствените два квара што ги имав на колата до ден денес. Колата троши под 6 на отворено а околу 8 во град. Деловите сега можеш да ги најдеш по ниски цени на старо (на времето ретровизор беше 100 евра сега го има и за 10). Она што не ми се свиѓа е прегледноста назад бидејќи задниот прозор е премногу мал па 90% од Половците се удрени во подбраникот позади, исто знаат да зезаат бравите на вратите со тек на време.

Ако те интересира нешто друго прашај
 
Kajgana Shop

На врв Bottom