Има голема разлика помеѓу НЛБ Љубљана, НБГ Атина и А.Јосифовски, Мукаетов, Кутревски, Строшо Милковски . . . . . Првите се големи финансиски корпорации каде има правила и систем, а вторите се локални моќници кои капиталот го направија без правила на полулегален начин . . .
Првите се банки ги контролираат разни надзори, ревизори и пред све НБРМ, а вторите скоро никој не ги контролира, па затоа и ФИ се такви какви што се . . . .
За СТБ и НЛБ се знаеше дека профитите може да ги влечат само преку дивиденда . . . работат претежно на домашен пазар . . . А НБРМ ако не работат според закон може да им наложи продажба на мнозинскиот пакет . . .
Втората група на моќници со пари од компанијата ги купуваат истите тие компании . . . Имаат посреднички фирми со странски адреси каде се одливаат средства . . . . .
За дивидендната политика да не разговараме . . . .
Главната разлика помеѓу тие две групи ја гледам во тоа што едните се банки и имаат построги процедури и НБРМ како надзор . . . А тоа е огромна разлика . . .
Зошто би навивале МСЕ да паѓа ???? Па нас поголем дел од портфолиото ни е на македонска берза . . . Мислиш дека сме мазохисти ??? Ние само го коментираме случувањата и еуфоријата што повремено фаќа без причина... Пробуваме да го споделиме нашето искуство и правиме паралели со некои други пазари . . .
Инаку со Буби се познаваме долги години и сме поминале низ многу битки заедно, фативме добар период, но и лош . . . . Ако треба ќе ќутиме да не рушиме еуфорија слободно нека се пумпа . . .
Ако мислиш дека преферираме повеќе странски берзи од МСЕ се лажеш . . . Ние само бараме можности, а на мсе скоро и ги нема, а така не беше до пред 2 години . . . .
Со странските берзи е позабавно . . . иде горе доле, можеш да фатиш добар бран неколку пати годишно, а можеш страшно да наебеш . . . не е лошо за почеток . . . Номално е да има корекции..
Еве колку за информација имам само Societe Generale купена просек 22,5 ЕУР пред 2 месеци . . . Следи па ќе збориме после 3 години не следна недела . . . . Инаку во SG се знае колку ќе биде дивиденда следна година и таа е 9% на оваа цена, а во Гранит и Макпетрол колкава ќе биде дивидендата ????
Инаку на Дојче банк направив 25% за 3 недели и си излегов чекам можност пак да влезам . . . Учам..
Примерот на Буби со Скопски пазар е вистински пример за тоа што сакаме да ви го кажеме, кој сака ќе не разбере, а нашата желба да појаснуваме е све помала . . . .
Алал да ви се парите и од Макпетрол, Алкалоид, Гранит, ТТК и.т.н. Баш ми е драго, без лицемерие..
Само фер е кога влегувате и излегувате да пишете и да можеме низ бројки да коментираме . . .
Парите се бројат кога кругот ќе се затвори . . .