Не ми одговори целосно на моето прашање
Нема што да одговорам...не ти ја сфаќам логиката да те трга некој и да ја запалиш колата ако немаш бензин (така барем го сфатив постот).
Иначе,...ако навистина верувате дека 0.0л/100км се троши кога ја пуштате колата на удолница и моторот работи само на погон на тркалата (...притоа не треба да има процес на детонација во цилиндрите) ...ви честитам го откривте Перпетуум мобиле на Војо...
Еве едно објаснување (здраворазумско, сакате прифатете сакате не)
1) Принципот на работа на бензинскиот мотор
- Горивото влегува во комората, се компресира, свеќицата ја пали смесата и се придвижува клипот
2) Принципот на работа на дизел мотор
- Горивото влегува во комората, се компресира, поради големиот притисок детонира и го движи клипот
Двата типа на мотори ја придвижуваат радилицата, која преку мењачот ги движи трклата.
Возење на удолница.
Тркалата се движат но возилото не се движи „од сопствен погон“ туку од гравитација. Новите fuel injection системи (CPU) е програмирано кога ќе се случи оваа појава (погоре од мене објаснета за условите), да го прекине доводот на гориво од резервоарот.
Сепак моторот сеуште работи. Значи, овој горе споменатиот циклус сеуште функционира, НО во обратна насока. Сепак за да можи моторот да
РАБОТИ, потребно му е гориво кое во случајов е минимално бидејќи друг ја сработува работата (удолнината...земјината гравитација), значи моторот не се напрега да го придвижи возилото автоматски не троши големо количество енергија т.е. потрошувачката е максимално минимизирана.