Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој во Македонија што мести на Lada Niva мотори од стари мерцедеси (200D, 240D, 300D)? Немам време, а ни толку алат да расклапам јас во гаража, па сакам да си платам кај професионалец.
Од овде се инспирирав:

Сум гледал по огласи порано и во некоја тема на овој форум момци со лада нива со вграден мерцедес мотор.

Искуства, препораки?
 
Барај на реклама 5 у категорија off road.Има два тројца доктори за модификација на лада нива.
 
Скоро земав опел астра х 1.7 цдти 74 кв.
Денес приметив на бордот дека ми крена температура до 98. Обично на колку почнува перката да работи и колку е нормално?
Ако е астра Ј онда не е нормално, кај мене температурата е фиксно на 90 закована и не мрда и по 1000 км поминати дневно.
 
Помош. Морам да купувам кола која што ке ми одговара на мове потреби и се заљубив у уди а3 дизел од 2005та па нагоре. Колата значи мора да има 5 врати и добар гепек. Максимален буџет ми се 5к евра. Гледав низ скопјево се наоѓа нешто асално ама слушам разни муабети. 2.0 мотор со 16вентила прскале глави тој со 8 бил поасален дрн дрн ден... Гледам повеќе подмодели ко што се ес лајн спорт бек фејслифт итн... Опреми која како некоја кватро некоја темпомат некоја греачи на седишта и што ти не...

Дајте мислење некое совет искуство со вакво ауто подучете ме што да праам што да гледам?
 
Спорт бек е фактички малку продолжена верзија....како што паметам од списанија со некои 20 см од обичната верзија.

а за моторот....и покрај тоа што на сите звона ги фалат моторите на Ауди и фолксфаген, скоро сите верзии освен 1.9 имаат по некоја мана. најмногу 2.5 тди
 
Дечки, Форд фокус караван 1.6, 2008 год.
Си работи све океј, пали нормално, ама при повисока туража на гас у возење гасне колата. Некој има идеја шо би можело да е.
 
Чуден звук како крцкање , удирање на клик-клак, кога ќе отпуштам гас. Мислам доаѓа од левото тркало позади. Го проверував тркалото влечејќи го нагоре надоле стегнато е, ама вади сличен звук. Што може да е?
 
Помош. Морам да купувам кола која што ке ми одговара на мове потреби и се заљубив у уди а3 дизел од 2005та па нагоре. Колата значи мора да има 5 врати и добар гепек. Максимален буџет ми се 5к евра. Гледав низ скопјево се наоѓа нешто асално ама слушам разни муабети. 2.0 мотор со 16вентила прскале глави тој со 8 бил поасален дрн дрн ден... Гледам повеќе подмодели ко што се ес лајн спорт бек фејслифт итн... Опреми која како некоја кватро некоја темпомат некоја греачи на седишта и што ти не...

Дајте мислење некое совет искуство со вакво ауто подучете ме што да праам што да гледам?

Ауди А3 со 1.9 или 2.0 TDI се многу добри и квалитетни што и да бираш нема да згрешиш ,а тоа 8 и 16 вентилски воглавно е само за бензински мотори TFSI а има и такви и за дизел но тие се над 2.5 или 3.0 што се над 160кс со двојно турбо и дизни и не ти треба толкава КС ионака имаме бедни патишта и згора на тоа поскапо за одржување од тие со 1.9 и 2.0. А што се однсеува категории пакети има sport beck и S-Line и се слични разликата sport beck е за тие над 3.0 со широки подкрило за тркало за 18 ,19 и 20 инчи тркала со спортски бандажи со брембо кочници ама за Ауди си пишува и двоен издув заедно со дифузер од ABT реномирана фирма за Ауди тоа е како кај мерцедес е Брабус ,БМВ е М-пакет ,Фиат е Абарт итн. А тоа S-Line (спортлајн) важи за сите класи мотори по нарачка од купувачот и таквите се со воланот е со три крак и менувачот со низок профил со топчеста фатка ,хромирани финеси и прагови на вратите , кожни волани и рекаро седишта со ознака S-Line и многу други. Централни заклучување и електрики за прозори се стандардни за сите Ауди а некои со еликтрични ретровизори што само си собира по заклучување и заедно со греачи тоа дополнителни се доплаќа истото и за темпомат се доплаќа има и такви што сам ќе си вградуваш темпомат и многу други. Јас го возам Ауди А4 1.9 ТДИ 2003г и презадоволен сум и немам никакви вложување во нив освен потрошни делови редовни сервисни интервали .
Патем фејслифт значи тие се последна серија модели со малку редизајн ќе научиш што значи и ќе видиш разлика. Што и да ве инересира прашај ме слободно

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Последно уредено:
185/65/r14 сега возам винтер гуми (85 или 86т) тигар. Пред тоа и на опелот имав тигар некои зимски. Сакам да земам 2 зимски, ми препорачуваат Сава како посаглам (зошто како не знам). Препорака кој возел Сава и Тигар зимски? Оти други фирми не ми се во план
 
Сава зимски се супер (Eskimo S3 или HP2). Јас полека почнав на речиси сите коли како ги фрлам старите зимски - да купувам Сава зимски нови. Се возат на задна влеча коли во снегови без проклизување. Не знам за Тигар, но по цената што се продаваат Сава, не ми се експериментира за 100 - 200 денари заштеда по гума (ако купиш поевтини).
 
Фала.
Ќе видам баш Ѓорче кај општината има продавница за Сава гуми и сервис, кога ќе подзалади.
 
185/65/r14 сега возам винтер гуми (85 или 86т) тигар. Пред тоа и на опелот имав тигар некои зимски. Сакам да земам 2 зимски, ми препорачуваат Сава како посаглам (зошто како не знам). Препорака кој возел Сава и Тигар зимски? Оти други фирми не ми се во план
Sava eskimo s3+ ... јас на бмв (задна влеча) и колеги пријатели презадоволни
 
Се извинувам, сега видов едночудо пати сте одговориле за гуми, а имало и тема за нив.
Инаку

моето е (веројатно :unsure:) предна, Фабија. Дали прави нешто разлика ако е предна или задна? Обично со предна влеча напред ги ставам иако препорака заради кочење и занесување најдобро било сите 4 ама според буџетот само 2 ќе ставам. На опелот така ми функционираа со 2 напред и беше ок
Само да си расчистам, предна влеча-каде што се погонските тркала? На фабијата или опелот (астрите 96та хеџбек) тоа би било предните тркала?
.
 
Јас само предна влеча коли сум имал а и Сава користам само на предни (толку ни е на сите буџетот што пишиме по форуми), како што ти била вожњата на опелот ништо подобра/полоша со фабијата, за занесување и кочење главна улога игра главата да знајш да ја прилагодиш брзината со временските прилики. Савата е измислена за нашиов народ.
 
Се извинувам, сега видов едночудо пати сте одговориле за гуми, а имало и тема за нив.
Инаку
моето е (веројатно :unsure:) предна, Фабија. Дали прави нешто разлика ако е предна или задна? Обично со предна влеча напред ги ставам иако препорака заради кочење и занесување најдобро било сите 4 ама според буџетот само 2 ќе ставам. На опелот така ми функционираа со 2 напред и беше ок
Само да си расчистам, предна влеча-каде што се погонските тркала? На фабијата или опелот (астрите 96та хеџбек) тоа би било предните тркала?
.
Разликата е што на задна влеча се осеќа далеку повеќе лоша гума отколку на предна, лесна е задницата и ако не ги бива гумите ќе те излизга како ништо. За почетници, а дури и непочетници задна е потешка за вожња, особено во зимски услови и влага.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom