Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
ako si ja prsnal negde glavata na motorot si zavrsil rabota
 
Абе не го плашете човекот. Навистина не знам со кој памет не си ставил антифриз а си ја возел.

Иначе 100 степени не е страшна температура. Над 100 степени веќе треба да ти се тресат нозете а на 110 отиде :))

90 степени е кога сказалката е на средина, а често при отперетувања знае да се покачи нагоре накај HOT или црвеното поле.

Е сега совет. Пред да ја запалиш види каква ти е состојбата со водата внатре. Ако има вода, немаш гајле! Ако немаш вода ...имаш гајле :) и најди си другарче да си ја однесиш на мајстор со влечкање.

ВАЖЕН СОВЕТ: Избегнувај да ставаш ладна вода во загреан мотор! Ако ти е вжештена главата и да проциркулира ладна вода ќе ја пукниш главата!
 
Здраво дечки

Абе ми излезе еден проблем со колава моја, значи бев пред малку излезен овде низ Битолава и по 2-3 км возенје температура ми крена на 100 степени ( ова е премногу апсполутно премногу) е сега во текот на возењето парното од топло почна да дува ладно, ја паркирав колата и оставив да олади. Кога го отворив капачето да проверам за вода, внатре немаше ИЧ што значи причина била немањето на вода, али во мисла ми е зошто не се уклучи перката за ладење кога достигна екстремна температура колата??? потоа му купив дестилирана вода, ставив и дојде до 80 степени што е нормално за Опел Вектра дизел.... имате некој совет што да проверам, цревата ова-она, не ми е јасно каде отиде водата?? нити истече нити незнам што не видов во гаражата капа вода на земја..... утре сабајле треба да излегувам пак со неа, али ми е страв пичку матер, да не се деси нешто.....ако имате нешто совет добредојден е ....

Благодарам ♥:smir:
Уба дијагноза ти дале колегите погоре, си ја возел колата без течност за ладење. Колку дестилирана вода му дотури? Сега треба да одиш на мајстор, да измери колку е антифризот разреден, и на колку замрзнива, па да му дотуриш концентрат антифриз.


ВОда имаше, антифриз не мислам...
Чим си ја возел вчера, на битолското ладно шо стегна неделава... сигурно си имал антифриз.
 
Имало антифриз, му дотуривме се со татко ми и денес ја средивме, сега само што си дојдов колата без проблем работи, само ми е дилема каде отиде водата што беше внатре? зошто не вртеше перката на 100степени???? иначе Volkswagen му дотурив кога беше изладен моторот, на загреан сигурно не.... после пак ќе одам да ја проверам некаде кај некој што добро знае, да види да не е некое црево ебано, а сабајле кога ја отворив внатре вода имаше, што значи не истече во текот на ноќта...
 
Имало антифриз, му дотуривме се со татко ми и денес ја средивме, сега само што си дојдов колата без проблем работи, само ми е дилема каде отиде водата што беше внатре? зошто не вртеше перката на 100степени????
Просто е... Прекидачот за перката се наоѓа на ладилникот, или на некое од цревата, додека мерачот за температура на моторот се наоѓа на блокот. Така да кога возиш без вода, моторот се загрева (мерачот внатре покажува 100 степени) додека ладилникот е празен и е загреан некои 60-70 степени (недоволно за да се вклучи перката). Исто така и да ја вклучиш перката рачно, нема ништо да добиеш бидејќи нема што да лади...

Е кај ти ојде водата е прашање
 
Имам едно прашање.
Да не знае некој по која цена се движат EOS моделите од Volkswagen?
 
Да прашам и јас нешто : каде може да се информирам колку ке треба да платам давачки при увоз на возило ?!
 
Имам едно прашање.
Да не знае некој по која цена се движат EOS моделите од Volkswagen?



http://www.koli.com.mk/novi_cenovnik.aspx?id=279

а можи и да се ценкаш и да ти намалат околу 10%

оти така прави македончето (не ти гарантирам ништо за попустот оти немам купено нова кола) ама како шо слушам и читам луѓето така ги земаат колите

и плус ако имаш фирма минус 18 % ДДВ

28 % поевтино
:vozbud:
 
Пред некој ден прашав за некакво искуство со Seat Ibiza 1.4 44kw 2000 г.
Зар никој немал искуство со овој модел?
 
Да прашам и јас нешто : каде може да се информирам колку ке треба да платам давачки при увоз на возило ?!

Ако имаш некој што работи на царина, он сигурно знае. :)
 
Пред некој ден прашав за некакво искуство со Seat Ibiza 1.4 44kw 2000 г.
Зар никој немал искуство со овој модел?

Мислам дека Корун го има овој модел. -={K-O-R-U-N}=-
 
Da gi prasam strucnacite edno prasanje :D
Zedov nova benzinska pumpa (potopna za citroen ax 1.1) i sega sitoto za filtriranje na benzinot sto mi e ne se faka na novata pumpa,posirok e za 1mm vlezot na novata pumpa kaj sto treba da vleze staroto sito ... i kako mozam toa da go zaglavam nekako bez da pravi problemi na kolata..
 
Da gi prasam strucnacite edno prasanje :D
Zedov nova benzinska pumpa (potopna za citroen ax 1.1) i sega sitoto za filtriranje na benzinot sto mi e ne se faka na novata pumpa,posirok e za 1mm vlezot na novata pumpa kaj sto treba da vleze staroto sito ... i kako mozam toa da go zaglavam nekako bez da pravi problemi na kolata..

Така ти е кога од мајстор за предаватели и линкови сакаш да станеш механичар :)))))

-Врати ја таа пумпа од каде што си ја купил и оди да си купиш оригинална! Таа што си ја земал не одговара за тој модел или пак доколку е декларирана за него тога питај бога кој и каде ја произвел. Не праи трипер-комбинации зашто бензинот може да протече каде што не треба и од кола да добиеш ќумур!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom